Со номинираните гуми за Јубилејното Гран При, еден чекор помеки од минатата недела, стратегијата со едно застанување во бокс не е изводлива, па сега од Пирели препорачуваат две застанувања во бокс.
Најбрзата стратегија ќе зависи од температурата на патеката, која што ќе има влијание врз абењето на жолтите гуми, но оптимално би било да се направат два стинта на медиум гумите од по 15 круга, а потоа финален стинт на белите гуми.
Алтернатива на оваа стратегија е почетен стинт од 12 круга на жолтите гуми, проследен со два стинта од 20 круга на белите гуми.
Втората најбрза стратегија е да се започне на белите гуми со два стинта од по 23 круга, а потоа да се финишира на црвените гуми. Многу блиска стратегија на оваа е старт на жолтите гуми со стинт од 19 круга, потоа стинт од 25 круга на белите гуми и осум круга на црвените. Тука може да се заменат стинтовите на белите и жолтите гуми.
Сите, освен еден од возачите во топ 10 пласманот, го забележаа своето најбрзо Q2 време на жолтите гуми, и така ќе ја започнат трката, според најбрзата предвидена стратегија на Пирели. Единствен исклучок беше возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен кој ја помина Q2 сесијата на белите гуми и на нив ќе ја започне трката од 4-тата позиција.
Марио Изола, Пирели: "Овој викенд имавме многу невообичаена квалификациска сесија, со тоа што Макс Ферстапен со Ред Бул ќе ја стартува трката на белите гуми со чија помош ја помина Q2 сесијата, што е веројатно прва во нашата историја на Формула 1. Тој треба да може да има корист од дополнителната издржливост на оваа смеша во текот на почетните моменти од трката кога болидите се полни со гориво."
"Видовме дека најбрзите две времиња во Q3 сесијата беа забележани на медиум, наместо со меките гуми. Овие факти само укажуваат на тоа дека номинациите за втората трка на патеката Силверстон беше интересна, со тоа што црвените гуми обезбедуваат поголема почетна брзина и потоа нивните перфоманси се намалуваат, додека однесувањето на жолтите гуми е сосема спротивно."
"Знаевме дека црвените гуми никогаш нема да бидат идеална тркачка смеша, но нивното високото ниво на абење и деградација што се виде дури и во квалификациите уште повеќе потенцираа дека жолтите и бели гуми треба да бидат стандарден избор за тимските стратегии. Очекуваме две застанувања во бокс, така што има голем број на променливи што би можеле да влијаат на исходот од трката."
| 70 ГОДИНИ Ф1 ГП - СТАРТЕН РЕДОСЛЕД | |
| 1. ВАЛТЕРИ БОТАС - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 2. ЛУИС ХАМИЛТОН - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 3. НИКО ХУЛКЕНБЕРГ - РЕЈСИНГ ПОИНТ | |
| 4. МАКС ВЕРСТАПЕН - РЕД БУЛ | |
| 5. ДАНИЕЛ РИКИАРДО - РЕНО | |
| 6. ЛЕНС СТРОЛ - РЕЈСИНГ ПОИНТ | |
| 7. ПЈЕР ГАСЛИ - АЛФАТАУРИ | |
| 8. ЧАРЛС ЛЕКЛЕР - ФЕРАРИ | |
| 9. АЛЕКС АЛБОН - РЕД БУЛ | |
| 10. ЛАНДО НОРИС - МЕКЛАРЕН | |
| 11. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ - ФЕРАРИ | |
| 12. КАРЛОС САИНЦ ЈР. - МЕКЛАРЕН | |
| 13. РОМАН ГРОЖАН - ХАС | |
| 14. ЕСТЕБАН ОКОН - РЕНО* | |
| 15. ЏОРЏ РАСЕЛ - ВИЛИЈАМС | |
| 16. ДАНИЕЛ КВЈАТ - АЛФАТАУРИ | |
| 17. КЕВИН МАГНУСЕН - ХАС | |
| 18. НИКОЛАС ЛАТИФИ - ВИЛИЈАМС | |
| 19. АНТОНИО ЏОВИНАЦИ - АЛФА РОМЕО | |
| 20. КИМИ РАИКОНЕН - АЛФА РОМЕО | |
* 3 места - попречување во квалификации
@МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИА@MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|





