Пред оваа серија на проблеми со моторот, гумите беа главна точка на разговор, при што црвените гуми не успеваа да издржат нити еден цел круг на максимални перформанси на топлото време на Силверстоун.
Прогнозите за утре се дека ќе имаме малку поладно време, но интересно ќе биде да се види кој со кои гуми ќе настапи во Q2 сесијата од квалификациите.
Даниел Рикиардо имаше одличен настап со болидот на Рено и успеа да го забележи третото најбрзо време, за стотинка пред Макс Ферстапен. Двајцата возачи ги забележаа своите најбрзи кругови во исто време и со тоа споредбата е прилично релевантна.
Следуваа возачите на Рејсинг Поинт, со Ленс Строл неколку десетинки пред неговиот привремен тимски колега, Нико Хулкенберг.
Мекларен беше еден од тимовите. кои што успеаа да се подобрат на попладневната сесија, но Чарлс Леклер со Ферари повторно за малку пред нив двајца на седмото место. Моначанецот многу подобро се справува со тешкиот за возење болид на Ферари, додека неговиот тимски колега, Себастијан Ветел, продолжува со проблеми.
Германецот во тимот на Ферари сесијата ја заврши со 14-тото најбрзо време, но тој мораше предвреме да ја заврши сесијата кога Ферари ПЕ во неговиот болид испушти масло во големи количини, додека тој поминуваше низ старата пит-линија на Силверстон и мораше да се паркира покрај патеката.
Во тие последни минути од сесијата беше вклучен виртуелниот безбедносен автомобил, но, малку подоцна сесијата беше стопирана кога болидот на Џовинаци ја изгуби силата, по што и Италијанецот мораше да се паркира покрај патеката. Со неколку минути до крајот Т2 не беше рестартиран.
Нешто повеќе околу перформансите на тимовите ќе дознаеме утре на саботниот тренинг во 12:00 МК, додека Квалификациите кои се закажани за 15:00 МК ќе го потврдат конечниот поредок на Силверстоун за Јубилејното 70 години Ф1 Гран При.
| 70 ГОДИНИ Ф1 ГП - ТРЕНИНГ 2 | |||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:25.606 | 22 | |
| 2 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:25.782 | + 0.176 | 21 |
| 3 | Даниел Рикиардо | Рено | 1:26.421 | + 0.815 | 29 |
| 4 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:26.437 | + 0.831 | 15 |
| 5 | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:26.501 | + 0.895 | 24 |
| 6 | Нико Хулкенберг | Рејсинг Поинт | 1:26.746 | + 1.140 | 26 |
| 7 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:26.812 | + 1.206 | 32 |
| 8 | Ландо Норис | Мекларен | 1:26.867 | + 1.261 | 26 |
| 9 | Карлос Саинц Јр. | Мекларен | 1:26.918 | + 1.312 | 24 |
| 10 | Естебан Окон | Рено | 1:26.928 | + 1.322 | 25 |
| 11 | Алекс Албон | Ред Бул | 1:26.960 | + 1.354 | 25 |
| 12 | Даниел Квјат | АлфаТаури | 1:27.002 | + 1.396 | 33 |
| 13 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:27.128 | + 1.522 | 31 |
| 14 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:27.198 | + 1.592 | 30 |
| 15 | Роман Грожан | Хас | 1:27.294 | + 1.688 | 28 |
| 16 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:27.320 | + 1.714 | 30 |
| 17 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:27.535 | + 1.929 | 30 |
| 18 | Кевин Магнусен | Хас | 1:27.582 | + 1.976 | 28 |
| 19 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:27.683 | + 2.077 | 32 |
| 20 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:27.955 | + 2.349 | 26 |
| ВИДЕО РЕЗИМЕ - ТРЕНИНГ 2
2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:35.424 2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:34.274 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:31.654 2017 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:28.496 2018 Себастијан Ветел - Ферари - 1:27.552 2019 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:26.732 2020 Ленс Строл - Рејсинг поинт - 1:27.274 2020 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:25.606(70ГП) |
|||||
| @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|||||




