Според инженерите на Пирели најбрзата стратегија за денешната трка, која се состои од 53 круга е едно застанување во бокс за промена на пневматиците, она што традиционално се случуваше во изминатите години на мазниот асфалт во Сочи. Сепак, денес се очекуваат доста повисоки температури, што очигледно ќе има ефект врз термичката деградација.
Како и обично, тимовите секако ќе се фокусираат на еден пит-стоп, исто така затоа што ограничувањето на брзината во пит-линијата е само 60км/ч, што значи поголемо време за промена на гумите. Згора на тоа, престигнувањето е доста тешко, ако се најдете во густ сообраќај на патеката.
Теоретски, стратегијата со едно застанувања во бокс е најбрза за трката. Најбрзата варијанта се состои од почетен стинт од 12 круга на меките гуми, плус завршен стинт на белите гуми. Тука некаде по брзина, но маргинална по абењето, е варијантата со почетен стинт на црвените гуми од 14 круга, а потоа завршен стинт на медиум гумите од 39 круга. Како и обично, ова може да работи и во обратен редослед на смешите.
Малку побавна стратегија со едно застанување во бокс е почетен стинт од 22 круга на медиум, и завршен стинт од 31 круг на белите гуми.
Најбавната, но воедно најбрза верзија на стратегијата со две застанувања во бокс, се почетни два стинта од по 12 круга на меките гуми, и завршен стинт на медиум, евентуално, според околностите на трката жолтите гуми може да се употребат и во средниот стинт.
Макс Ферстапен и Валтери Ботас се единствените возачи кои ќе стартуваат на жолтите(медиум) гуми од Топ 10 редоследот на гридот, од втората и третата стартна позиција, соодветно. Возачите зад нив, како и освојувачот на Пол позицијата, Луис Хамилтон, ќе бидат на побрзата мека смеша, т.е. црвените гуми.
Парните стартни места на гридот се смета дека се наоѓаат на почиста линија, што може да му помогне на Ферстапен да излезе пред Хамилтон и ако успее да остане напред да ја искористи неговата потенцијално подобрата стратегија со старт на жолтите гуми. Шанса за истото нешто ќе го има и Валтери Ботас.
Марио Изола, Пирели: "Како што се очекуваше, гумите се претставија добро за време на квалификациите, но самата сесија беше непредвидлива! Очекувавме фаворитите да го користат медиумот за време на Q2 сесијата, и тоа се покажа како точно во случаите на Макс Ферстапен и Валтери Ботас, смеша на која ќе ја започнат трката."
"Ова треба да им даде предност со потенцијално подолг прв стинт и поголема флексибилност во однос на стратегијата. Црвеното знаме на крајот од Q2 сесијата претставуваше дополнителен предизвик за тимовите во квалификациите, со неколку изненадувања, особено за Луис Хамилтон, кој веројатно имаше намера да помине низ Q2 на жолтите гуми."
"Сцената е поставена за блиска стратешка битка, за што ќе биде потребен добар манаџмент на гумите, особено за оние што ќе стартуваат на црвените гуми и имаат намера да застаната само еднаш во бокс."
| 2020 РУСКО ГРАН ПРИ СТАРТЕН РЕДОСЛЕД |
|
| 1. ЛУИС ХАМИЛТОН - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 2. МАКС ВЕРСТАПЕН - РЕД БУЛ | |
| 3. ВАЛТЕРИ БОТАС - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 4. СЕРЏО ПЕРЕЗ - РЕЈСИНГ ПОИНТ | |
| 5. ДАНИЕЛ РИКИАРДО - РЕНО | |
| 6. КАРЛОС САИНЦ ЈР. - МЕКЛАРЕН | |
| 7. ЕСТЕБАН ОКОН - РЕНО | |
| 8. ЛАНДО НОРИС - МЕКЛАРЕН | |
| 9. ПЈЕР ГАСЛИ - АЛФАТАУРИ | |
| 10. ЧАРЛС ЛЕКЛЕР - ФЕРАРИ | |
| 11. ДАНИЕЛ КВЈАТ - АЛФАТАУРИ | |
| 12. ЛЕНС СТРОЛ - РЕЈСИНГ ПОИНТ | |
| 13. ЏОРЏ РАСЕЛ - ВИЛИЈАМС | |
| 14. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ - ФЕРАРИ | |
| 15. АЛЕКС АЛБОН - РЕД БУЛ* | |
| 16. РОМАН ГРОЖАН - ХАС | |
| 17. АНТОНИО ЏОВИНАЦИ - АЛФА РОМЕО | |
| 18. КЕВИН МАГНУСЕН - ХАС | |
| 19. КИМИ РАИКОНЕН - АЛФА РОМЕО | |
| 20. НИКОЛАС ЛАТИФИ - ВИЛИЈАМС* | |
|
* казна 5 места (промена на менувач)
@МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИА@MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|






