Серџо Перез забележа брилијантен последен брз круг за старт од вториот ред, заедно со Валтери Ботас. Мексиканецот има тенденција на добри настапи на оваа патека, па ќе чека и минимална грешка на тројцата возачи пред него за пласман на победничкиот подиум
Даниел Рикиардо многумина го сметаа за сериозен претендент за третата стартна позиција, но во последната сесија немаше сили за повеќе од 5-то најбрзо време, не успевајќи да се подобри во последниот брз круг. Тој заедно со Карлос Саинц Јр., човекот чие место во Мекларен ќе го земе од идната година, ќе стартуваат од третиот ред.
Естебан Окон, Ландо Норис, Пјер Гасли и Алекс Албон го заокружија пласманот на денес најбрзите 10 возачи.
Да се навратиме на најбрзите возачи, како што изјави Луис Хамилтон во своето интервју по квалификациите, тој можеби нема да води по првиот свиок. Комбинацијата на моќната заветрина и фактот што тој ќе стартува на црвените гуми, за разлика од неговите конкуренти кои трката ќе ја започнат на жолтите, го става во потенцијално неповолна ситуација.
Значи, предност за Ботас и Ферстапен? Секако, но само на спринтот до вториот свиок. Финецот ќе се надева на повторување на 2017 година кога заветрината му овозможи да мине како прв низ олимпискиот свиок, по стартот од третата позиција.
Што се однесува до Ред Бул и Ферстапен, RB16 е секогаш поблиску до Мерцедес АМГ во трката и тој за прв пат од Штаерското Гран При ќе започне од првиот ред. Дали може да му се насмевне среќата? Можеби, но со укинувањето на модовите на ПЕ, како поголема штета да претрпи Ред Бул отколку Мерцедес АМГ.
| 2020 РУСИЈА ГП - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
| 1. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:31.304 | |
| 2. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:31.867 | + 0.563 |
| 3. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:31.956 | + 0.652 |
| 4. | Серџо Перез | Рејсинг Поинт |
1:32.317 | + 1.015 |
| 5. | Даниел Рикиардо | Рено | 1:32.364 | + 1.060 |
| 6. | Карлос Саинц Јр. | Мекларен | 1:32.550 | + 1.246 |
| 7. | Естебан Окон | Рено | 1:32.624 | + 1.320 |
| 8. | Ландо Норис | Мекларен | 1:32.847 | + 1.543 |
| 9. | Пјер Гасли | АлфаТаури |
1:33.000 | + 1.696 |
| 10. | Алекс Албон | Ред Бул | 1:33.008 | + 1.704 |
| Q2 Најбрзо Време: Даниел Рикиардо - 1:32.218 | ||||
| 11. | Чарлс Леклер | Ферари | 1:33.239 | + 1.021 |
| 12. | Даниел Квјат | АлфаТаури |
1:33.249 | + 1.031 |
| 13. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:33.364 | + 1.146 |
| 14. | Џорџ Расел | Вилијамс |
1:33.583 | + 1.365 |
| 15. | Себастијан Ветел | Ферари | 1:33.609 | + 1.391 |
| Q1 Најбрзо Време: Валтери Ботас - 1:32.656 | ||||
| 16. | Роман Грожан | Хас | 1:34.592 | + 1.936 |
| 17. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:34.594 | + 2.938 |
| 18. | Кевин Магнусен | Хас | 1:34.681 | + 2.025 |
| 19. | Николас Латифи | Вилијамс | 1:35.067 | + 2.410 |
| 20. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:35.267 | + 2.611 |
| 107% време: 1:39.142 | ||||
|
ХИБРИДНА ЕРА -СОЧИ
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:38.513
2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:37.113
2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:35.417
2017 Себастијан Ветел - Ферари - 1:33.194
2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:36.015
2019 Чарлс Леклер - Ферари - 1:31.628
2020 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:31.304
@МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА@MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
||||



