Овој викенд во Русија може да бидеме сведоци на изедначувањето на еден многу важен рекорд во историјата на Формула 1, викенд кога Луис Хамилтон може да го изедначи бројот на Победи на Михаел Шумахер, 91 Гран При Победа. Единствениот човек што реално може да го спречи да го стори тоа е неговиот тимски колега од Мерцедес АМГ, Валтери Ботас.
Финецот, кој ја забележa својата прва Ф1 Победа во Сочи во 2017 година, сега има осум трки за да ја надомести разликата од 55 поени, ако сака да го спречи Хамилтон да изедначи уште еден рекорд на Шумахер од седум Шампионски титули.
За Ботас, е сега или никогаш. Тој повторно доминираше на петочните тренинг сесии, но време е да се издигне или засекогаш да се откаже од победничките амбиции во врвниот мотоспорт.
Исто така, овој викенд, Кими Раиконен ќе го изедначи рекордот на Рубенс Баричело по бројот на започнати Ф1 трки. ICEMAN во недела ќе ја започне својата 323 трка!
КИМИ РЕКОРДЕР, ПОСЛЕДНА ШАНСА ЗА ВАЛТЕРИ БОТАС
9/26/2020 12:52:00 AM
0
Share to other apps

