Интересни изјави по завршувањето на квалификациите, се чини дека Ботас почнува се погласно да го искажува своето незадоволство како тимски играч, т.е. заштитник на првиот возач. Тој не беше задоволен од недостатокот на заветрина и возењето на чиста патека.
Луис Хамилтон возеше прилично далеку зад неговиот тимски колега во двата брзи круга во Q3, не беше во позиција да оствари огромна добивка, но секако имаше одредени маргинални придобивки од тоа што не беше прв на патеката.
Карлос Саинц со последниот брз круг, го симна Серџо Перез на четвртата стартна позиција, бидејќи Мексиканецот беше единствениот возач кој не го подобри своето време во последното излегување во Q3 сесијата.
Макс Ферстапен немаше сили за нешто повеќе од 5-тата стартна позиција и се пожали дека губи премногу време на правците, дури и кога е во заветрина на другите болиди при прво возење Q3, и иако најде начин да се подобри во неговиот последен круг, тој се рангираше на петтото место, а Ландо Норис беше шести во вториот болид на Мекларен.
Даниел Рикиардо заврши на седмото место за Рено бидејќи не можеше да го повтори своето темпо од вториот тренинг, за разлика од неговите ривали, но сепак победи еден болид на Рејсинг Поинт, тој на Ленс Строл со осмото најбрзо време.
Времето на Алекс Албон при првото излегување во Q3 беше избришано поради повреди на лимитите во Параболика, а при неговиот втор круг го забележа деветтото најбрзо време, со Пјер Гасли на последната позиција од Топ 10 пласманот.
Возачите на Ферари не можеа повеќе од Q2 и Q1 сесијата. Чарлс Леклер заврши на 13-тата позиција, нарекувајќи го својот Q2 круг "најдоброто што можам да го сторам", бидејќи Ферари повторно беше изложен на неговите проблеми со максималната брзината на SF100. Себастијан Ветел завршија на 17-тата позиција. За прв пат по 1984 година Ферари не успева да дојде до Топ 10 пласман во квалификациите на Монца.
| 2020 ИТАЛИЈАНСКО ГП - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
| 1. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:18.887 | |
| 2. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:18.956 | + 0.069 |
| 3. | Карлос Саинц Јр. | Мекларен | 1:19.695 | + 0.808 |
| 4. | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:19.720 | + 0.833 |
| 5. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:19.795 | + 0.908 |
| 6. | Ландо Норис | Мекларен | 1:19.820 | + 0.933 |
| 7. | Даниел Рикиардо | Рено | 1:19.864 | + 0.977 |
| 8. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:20.049 | + 1.162 |
| 9. | Алекс Албон | Ред Бул | 1:20.090 | + 1.203 |
| 10. | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:20.177 | + 1.290 |
| Q2 НАЈБРЗО ВРЕМЕ: ВАЛТЕРИ БОТАС - 1:18.952 | ||||
| 11. | Даниел Квјат | АлфаТаури | 1:20.169 | + 1.217 |
| 12. | Естебан Окон | Рено | 1:20.234 | + 1.282 |
| 13. | Чарлс Леклер | Ферари | 1:20.273 | + 1.321 |
| 14. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:20.926 | + 1.974 |
| 15. | Кевин Магнусен | Хас | 1:21.573 | + 2.621 |
| Q1 НАЈБРЗО ВРЕМЕ: ЛУИС ХАМИЛТОН - 1:19.514 | ||||
| 16. | Роман Грожан | Хас | 1:21.139 | + 1.625 |
| 17. | Себастијан Ветел | Ферари | 1:21.151 | + 1.637 |
| 18. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:21.206 | + 1.692 |
| 19. | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:21.587 | + 2.073 |
| 20. | Николас Латифи | Вилијамс | 1:21.717 | + 2.203 |
| 107% време: 1:25.080 | ||||
| @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
||||



