Современиот Нирбургринг, може да биде незгодно место за трки, но неговиот предизвик е далеку послаб во споредба со оној на легендарната Нордшлајфе, чудовиште од 20+ километри, со околу 160 свиоци и место каде се одржуваше Германското Гран При до 1976 година.
Таа конфигурација на патеката со право го заработи прекарот "Зелениот пекол" заради огромниот технички, физички и ментален предизвик за возачите. Патеката се наоѓа во срцето на планините Ајфел, па временските услови се многу променливи, кои во неколку наврати влијаеа да имаме незаборавни трки.
Тркањето на модерниот Нирбургринг, сепак, не е само враќање кон минатото. Нашиот омилен мотоспорт никогаш не мирува, па така со секоја нова трка, дури и во оваа бурна 2020 сезона, е нова страница во 70-годишната книга што сеуште се пишува, нова битка во квалификации, нова трка обележана со успех или очај. Место за нови рекорди, како оној што Кими Раиконен ќе го забележи со стартот на неделната трка, негов 323 во кариерата, потоа може да биде место на изедначување на рекордот на Михаел Шумахер по број на Победи.
Затоа е соодветно што, на ова место, каде што минатото и сегашноста се помешани, ќе создава нова историја, во време кога паѓаат старите рекорди. Кога Мик Шумахер ќе излезе од гаражата на првиот тренинг, еден од возачите што ќе дебитираат во Ф1, на мегдан каде ова легендарно презиме има 5 победи, новата генерација возачи ќе започнат да ставаат свој белег и да ја пишуваат нивната приказна.
Одржувањето на трката на почетокот на Октомври значи дека времето може да биде најголем фактор за тоа како ќе се одвива викендот. Временската прогноза најавува студено и ветровито време со разумна можност за дожд. Пирели ги донесуваат смешите од средината на нивниот 2020 опсег, па разбирањето на нивното однесување ќе биде примарна цел за сите тимови.
Значи за Големата награда на Ајфел ќе бидат користени C2, C3 и C4 како бели, жолти и црвени гуми. Сепак, тоа се смешите за кои тимовите имаат најмногу податоци, затоа што се користеа на 7 од 10-те досега одржани трки, што би требало да им помогне на тимовите побрзо да се аклиматизираат на Нирбургринг.
Последната "тројка" на трки во календарот во голема мерка се одвиваа на патеки каде доминираа брзи свиоци, додека на Руското Гран При доминираа свиоци со средна брзина. Следува Нирбургринг, патека која има поширок спектар на свиоци, од бавни 80-90 км/ч до брзи кои се поминуваат со над 200 к/ч.
Еволуцијата на Ф1 болидите ќе допринесе возачите и нивните инженери да размислуваат за поинакви линии на движење од претходно замислените. На пример, свиоците 8 и 9 некогаш се сметаа за свиоци со голема брзина, но денес имаат потенцијал да се поминат без испуштање на педалата за гас, па тренинг сесиите ќе бидат од особено значење за пронаоѓање на идеалната линија за поставување на најбрзото можено време.
Временската прогноза за викендот во Германија најавува студено време, а веројатноста за врнежи е проценета на 60% во текот на сите три дена. Во недела ќе биде најстудениот ден од викендот, но ќе се појави и сонцето.
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА ВИКЕНДОТ | |||
СЕСИЈА | ВРЕМЕ | ПРОГНОЗА | |
ТРЕНИНГ 1 | 11:00-12:30 MK | Претежно Облачно, 11/8°C | |
ТРЕНИНГ 2 | 15:00-16:30 MK | Претежно Облачно, 12/10°C | |
ТРЕНИНГ 3 | 12:00-13:00 MK | Врнежи од дожд, 8/8°C | |
КВАЛИФИКАЦИИ | 15:00-16:00 MK | Врнежи од дожд, 8/8°C | |
ТРКА | 14:10 MK | Делумно Сончево, Врнежи 60% 8/7°C |
|
Извор: Accuweather | |||
@МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
ТОЧКА НА НАЈГОЛЕМО ОПТЕРЕТУВАЊЕ НА СОПИРАЧКИТЕ.
Според техничарите на Брембо, Нирбургринг е една од најсложените патеки за сопирачките. На скала од 1 до 5, индексот на тежина е 4, истата бројка што ја имаше и минатата патека, Сочи. Од деветте точки за сопирање на оваа патека, три се класифицирани како предизвикувачки за сопирачките, три се со средна тешкотија и три се лесни.Најтешкиот дел за сопирање е првиот свиок, кога болидите од 338км/ч намалуваат до 111км/ч за време од 2.32 секунди и растојание од 118 метри. За да го сторат тоа, од возачите се бара да нанесат товар од 135 кг на педалот на сопирачките и да се подложат на сила од 5.4Г при забавувањето. Временскиот распоред сеуште е со Европска саатница, со Квалификациите во Сабота, 15:00 часот и Трка, Недела, во 14:10 часот по Македонско време. Подетално на следниот ЛИНК.