SAUDI ARABIAN GRAND PRIX (Jeddah Street Circuit)
10/05/2020 11:00:00 AM
0
Кога е изградена патеката?
Патеката, нема да бидете изненадени да слушнете, е привремена градска патека (иако со некои постојани делови), која се наоѓа на 30 километарското крајбрежје на античкиот град Џеда, во Саудиска Арабија. Дизајнирана од компанијата Тилке, во соработка со Формула 1, чиј тим го користеше Google Earth за нивните првични истражувања за потенцијалните конфигурации.
- Кога беше првата трка?
Инаугуралната трка за Големата Награда на Саудиска Арабија се одржа во 2021 година, придружувајќи се на другите две средно источни трки, Бахреин и Абу Даби, а како и тие се одвива под рефлектори.
- Каква е патеката?
Брза. Многу брза. Просечната брзина на патеката Џеда е околу 250 км/ч, што е побрзо од Силверстоун и втора во календарот, веднаш зад Монца. Таа е најбрзата градска патека што некогаш била видена во Формула 1. Исто така Џеда градската патека има најмногу свиоци, 27, во Формула 1 календарот.
Share to other apps