Алекс Албон заврши како трет, што претставува прв двоен пласман на подиумот за Ред Бул во оваа 2020 сезона. Тајланѓанецот имаше многу среќа, бидејќи Мерцедес ПЕ во болид на Серџо Перез откажа на три круга пред крајот, во моменти кога третото место му беше повеќе од сигурно.
Следниот викенд ќе гледаме уште една трка во Бахреин, но на поинаква верзија од патеката, многу пократка и побрза.
На стартот Хамилтон го задржа водството, а како да стана традиција Ботас и донекаде возачите на Ред Бул да имаат лоши стартови. Финецот загуби четири позиции. Почетокот на трката имаше многу инциденти, прво имаше контакт помеѓу Ветел и Строл, по што Канаѓанецот беше принуден да излезе од патеката. Ландо Норис го оштети предното крило при контакт со Естебан Окон. Кими Раиконен исто така имаше излетување надвор од патеката.
Но, најстрашниот инцидент се случи на излезот од третиот свиок, кога болидот на Грожан остро сврте надесно, претходно погледна во болидот на Раиконен кој се враќаше кон патеката, се обиде да вози помеѓу Магнусен и Квјат, но имаше контакт со Русинот во болидот на АлфаТаури, остро излета од патеката и имаше директен удар во железните бариери покрај патеката. При ударот, болидот на Хас се преполови и веднаш се запали.
Предниот дел заедно со Французинот се заглави во бариерата и гореше, а задниот дел остана на патеката. Хало-системот имаше главна улога, заштитувајќи ја главата на возачот од удар во бариерата. Десетина секунди подоцна, Грожан излезе од пожарот, возачот на медицинскиот автомобил Алан ван дер Мерве му помогна да се искачи преку оградата. Според повеќето, Роман Грожан, денешниот ден може да го слави како свој втор роденден.
Од местото на несреќата, Грожан беше однесен на преглед во медицинската амбуланта на самата патека, а подоцна беше испратен во воената болница во Манама. Французинот се здоби со полесни изгореници на глуждовите и рацете во пределот помеѓу ракавиците и комбинезонот, но лекарите се сомневаат на фрактура/напукнување на ребро/ра. Силите на кои беше подложен Французинот достигнале 53Г.
Трката веднаш беше запрена, возачите се вратија во пит-линијата. Бариерата беше сериозно оштетена, а повеќе делови требаше да бидат заменети. Директорот на трката Мајкл Маси отиде на местото на несреќата. Оштетените делови од челичната бариера беа исечени и заменети со привремена конструкција.
Паузата траеше 80 минути. За рестартот на трката од ФИА го прилагодија редоследот на возачите, земајќи ги предвид нивните позиции пред несреќата. Топ десет редоследот беше - Хамилтон, Ферстапен, Перез, Ботас, Албон, Рикиардо, Норис, Окон, Гасли, Ветел.
Квјат започна од 15-тата позиција. Со новите регулативи во Ф1, трката беше продолжена со стоечки старт. Британецот повторно беше успешен и го задржа водството. Леклер се најде пред Гасли. Себастија Ветел значително забави за да избегне инцидент со Леклер, по што изгуби неколку места.
Со предното лево тркало, Даниел Квјат го зафати задното десно тркало на Строл, по што болидот на Рејсинг Поинт се преврте наопаку и застана. Канаѓанецот не беше повреден. Следуваше период на безбедносниот автомобил, за време на кој беше отстранет болидот и исчистени остатоците од асфалтот. Стјуардите на трката сметаа дека Квјат е виновник за инцидентот, казнувајќи го со казна од 10 секунди.
Во тие моменти Валтери Ботас заработи дупната гума и мораше во бокс по нов сет на пневматици. На патеката се врати на 16-тото место.
Трката беше рестартирана во 8-от круг, кога Хамилтон го задржа водството, Карлос Саинц Јр. излезе пред Гасли и Рикиардо, Расел го престигна Раиконен. Во 12-от круг, Саинц и Рикиардо го престигнаа Леклер, а веќе во следниот Себастијан Ветел изгуби неколку позиции поради извтување, изјавувајќи по тимското радио дека болидот тешко се контролира. Пјер Гасли го престигна Леклер за деветтото место.
Следува период на влез во боксевите за промена на пневматиците, кои не се покажаа како најиздржливи на грубиот асфалт во Бахреин.
Кога се веќе беше готово во 51 круг, Саинц го престигна Гасли на шестото место, додека во 54 круг, Серџо Перез, кој во тие моменти се наоѓаше на третото место, имаше проблеми со ПЕ на Мерцедес во својот болид, кој започна да испушта облаци од бел чад и се запали, по што Мексиканецот мораше да застане покрај патеката.
Со ова тимот на Рејсинг Поинт го загуби третото место во шампионатот на конструктори. Пред болидот на Норис, претрча пожарникар брзајќи кон запалениот болид на Перез. Безбедносниот автомобил излезе на патеката, по што следуваше финиш на трката под негово водство.
Голема награда на Бахреин, Сахир. 57 круга, 308.238км., Време: Суво/Ноќна трка. |
|||
ПЛАСМАН: | |||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
1. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 2ч59:47.515 |
2. | Макс Верстапен | Ред Бул | + 1.254 |
3. | Алекс Албон | Ред Бул | + 8.005 |
4. | Ландо Норис | Мекларен | + 11.337 |
5. | Карлос Саинц Јр. | Мекларен | + 11.787 |
6. | Пјер Гасли | АлфаТаури | + 11.942 |
7. | Даниел Рикиардо | Рено | + 19.368 |
8. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | + 19.680 |
9. | Естебан Окон | Рено | + 22.803 |
10. | Чарлс Леклер | Ферари | + 1 круг |
11. | Даниел Квјат | АлфаТаури | + 1 круг |
12. | Џорџ Расел | Вилијамс | + 1 круг |
13. | Себастијан Ветел | Ферари | + 1 круг |
14. | Николас Латифи |
Вилијамс | + 1 круг |
15. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | + 1 круг |
16. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | + 1 круг |
17. | Кевин Магнусен | Хас | + 1 круг |
18. | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | дефект |
НАЈБРЗ КРУГ: МАКС ФЕРСТАПЕН - 1:32.014 | |||
БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
19. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | судир |
20. | Роман Грожан | Хас | судир |
2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч32:58.710 2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч31:54.067 2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч48:15.565 2017 Себастијан Ветел - Ферари - 1ч24:11.672 2018 Себастијан Ветел - Ферари - 1ч32:01.940 2019 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч34:21.295 2020 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 2ч59:47.515 @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН 15/17 ТРКИ | |||
ВОЗАЧИ: | |||
1. | Луис Хамилтон | 332 | |
2. | Валтери Ботас | 201 | |
3. | Макс Ферстапен | 189 | |
4. | Даниел Рикиардо | 102 | |
5. | Серџо Перез | 100 | |
6. | Чарлс Леклер | 98 | |
7. | Ландо Норис |
89 | |
8. | Карлос Саинц Јр. | 85 | |
9. | Алекс Албон | 85 | |
10. | Пјер Гасли | 71 | |
11. | Ленс Строл | 59 | |
12. | Естебан Окон | 42 | |
13. | Себастијан Ветел | 33 | |
14. | Даниел Квјат | 26 | |
15. | Нико Хулкенберг |
10 | |
16. | Кими Раиконен | 4 | |
17. | Антонио Џовинаци | 4 | |
18. | Роман Грожан | 2 | |
19. | Кевин Магнусен | 1 | |
20. | Николас Латифи | 0 | |
21. | Џорџ Расел | 0 | |
КОНСТРУКТОРИ: | |||
1. | Мерцедес АМГ | 533 | |
2. | Ред Бул | 274 | |
3. | Мекларен | 171 | |
4. | Рејсинг Поинт(-15) | 154 | |
5. | Рено | 144 | |
6. | Ферари | 131 | |
7. | АлфаТаури | 97 | |
8. | Алфа Ромео | 8 | |
9. | Хас | 3 | |
10. | Вилијамс | 0 |