Во текот на вчерашниот ден овие шпекулации достигнаа кулминација отако, Финецот од својот Инстаграм профил го отстрани тагот дека е возач на Мерцедес АМГ, додека истовремено Џорџ Расел го отстрани тагот дека е возач на Вилијамс. Веќе неколку месеци однесувањето на Ботас се повеќе наликуваше на човек кој постпено осознава дека е втор возач, иако од тимот тоа е упорно негирано.
Трките во Бахреин, беа капак на се, го покажаа спротивното, каде тој две недели по ред го освојува само 8-то местo, иако стартуваше од 2ро, односно од пол позицијата. Евентуалното негово заминување пред се го забележувам, по однесувањето на Валтери во медиумите, неговата разочараност од третманот на тимот, неговиот инстаграм профил на кој што веќе ги нема некои детали што го поврзуваат со Мерцедес АМГ.
Она што е забележително на последните трки дека Ботас инсистира на различна стратегија секогаш од Хамилтон, дури и да е погрешна и неесодветна, бара секогаш спротивна стратегија од неговиот тимски колега, но за жал таа привилегија важи само за Хамилтон, а не и за самиот тој. Се погласни се и шпекулациите дека нешто се случува, а тоа се потврдува со молчењето на Хамилтон и со евентуалниот трансфер на Расел на местото на Ботас.
Интересно е што Луис по обезбедувањето на титулата, по една трка се разболува од коронавирусот, резервниот возач на тимот не е на располагање баш тој период, па Тото Волф го побарува Џорџ Расел, со претходна согласност од Вилијамс. Она што се увиде на трката за ГН на Сакир е и тоа што болидот на Хамилтон, зад чиј волан седна Џорџ Расел, иако не соодветствува на неговата големина, е забележително доминантен над болидот кој го возеше Финецот.
Додека Ботас се бореше за моќ и брзина, младиот Британец успеваше многу лесно да се искачува од 5то на 2то место, а подоцна и од 15то до 9то. Слично таква возачка активност покажуваше и Хамилтон. Многу случајности, многу распореди, многу игри остануваат да се гледаат во периодот кој што следи. Она што знаеме е дека Валтери Ботас, секогаш ја користи својата татковина за да си ги разбистри своите ставови и планови за иднина.
Автор: Jane V, VIBER група на МкФормула1.
Имате спротивно мислење?!?
За дискусија на оваа тема приклучете се со клик на следниот ЛИНК.
Share to other apps



