Џорџ Расел, својата желба за Победа ја покажа уште на стартот, кога на супериорен начин го престигна својот далеку поискусен тимски колега, Валтери Ботас, кој стартуваше од првата позиција и го презеде водството по првиот свиок.
Зад нив Чарлс Леклер ги прецени можностите за сопирање, по што заврши во болидот на Серџо Перез. Избегнувајќи го судирот, Макс Ферстапен заврши во чакалот, каде не можеше да го контролира својот болид и заврши паралелно со Ферарито на Моначанецот во бариерите покрај патеката.
Трката за нив беше завршена, додека Серџо Перез успеа да стигне до својот бокс, ги промени гумите и брзата проверка на болидот покажа дека нема поголеми оштетувања. На патеката се врати на последна позиција во поредокот.
Следуваше период на безбедносниот автомобил, за евакуирање на болидите на Ферари и Ред Бул. Топ десет поредокот беше Расел, Ботас, Саинц Јр., Рикиардо, Квјат, Строл, Гасли, Окон, Ветел, Норис.
Трката беше рестартирана во 6-от круг, а Џорџ Расел го задржа водството и започна да се одвојува напред. Саинц Јр. успеа за момент да биде пред Ботас, но, ги прецени своите можности во следниот свиок, по што Финецот си ја врати втората позицијата.
Во 21-от круг, Ландо Норис го започна влегувањето во бокс за промена на гумите. Во тие моменти Перез, по последното место во првиот круг, го престигна Албон за деветтото место.
Последни во оваа серија на влегувања во бокс беа возачите на Мерцедес АМГ, прв беше Џорџ Расел во 46-от круг, а потоа во 50-от и Валтери Ботас ги заменија жолтите за бели гуми. Финецот на патеката се врати со осум секунди заостанување зад неговиот тимски колега.
Топ десет поредокот во 53 круг беше Расел, Ботас, Саинц Јр., Квјат, Рикиардо, Окон, Строл, Перез, Албон, Норис. Промена на редоследот имаше во 55-от круг, кога Николас Латифи го паркираше својот Вилијамс покрај патеката, на излез од осмиот свиок, по што следуваше период на ВБА, за негово отсранување.
Норис, Ветел и Џовинаци се упатија кон боксевите, а при промената на предното лево тркало на болидот на Ветел, имаше проблем. Во следниот круг за влез во бокс се решија, Саинц Јр., Рикиардо и Раиконен, во моменти кога заврши ВБА, нешто што ги чинеше многу за нивниот конечен пласман.
Во 57-от круг, Перез го престигна Строл, а во 58-от, Естебан Окон се искачи на третото место. Кога сите мислеа дека со тоа ќе завршат возбудувањата на трката, со тоа не се согласи Џек Ајткен, кој во 61-от круг се изврте во последниот свиок, и по контактот со бариерите го загуби предното крило.
Тој остана на патеката, но мораше во бокс по ново предно крило и гуми. За да можат редарите безбедно да го расчистат асфалтот, следуваше нов период на безбедносниот автомобил.
Во тие моменти започна рашомонијадата на Мерцедес АМГ, кои се одлучија за двоен пит-стоп на своите возачи. Промената на гумите на болидот на Расел се одвиваше доволно брзо, но пит-стопот на Ботас траеше 27 секунди, бидејќи механичарите не можеа да го пронајдат потребниот сет на гуми.
Се испостави дека предните гуми на Ботас биле ставени на болидот на Расел. Како резултат, Валтери повторно ги стави старите гуми и тој се врати на патеката на петтото место. Во следниот круг, Џорџ Расел беше повторно повикан во бокс, да ги добие вистинските гуми.
На патеката се врати зад Валтери Ботас на петтото место. По завршувањето на трката, стјуардите ја разгледаат оваа повреда на спортските правила и беше изречена парична казна од 20.000 евра за Мерцедес АМГ, а на Џорџ Расел му беше дозволено да ги задржи освоените 3 поени.
Топ десет поредокот зад безбедносниот автомобил беше Перез, Окон, Строл, Ботас, Расел, Саинц Јр., Рикиардо, Квјат, Гасли, Албон. Рестарт на трката следуваше во 68-от круг, а Серџо Перез го задржа водството.
Во следните неколку круга, младиот Британец во болидот на Мерцедес АМГ, повторно мораше да ги покаже своите возачки вештини, но и моќта на W11, престигнувајќи ги во рок од неколку круга, Ботас за четвртото место, Строл за третото место, Окон за второто место и го засили темпото во потера по Перез.
Но, како што кажа по трката, видно разочаран, ова не беше негова ноќ во Бахреин. Тркачкиот инженер на Хамилтон, му јави дека има дупната гума на задното лево тркало, и тој повторно мораше во бокс за промена на гумите, враќајќи се на патеката на 14-тото место. Повторно демонстрирајќи ја моќта на Мердедес АМГ во предпоследниот 86-ти круг го престигна Гасли за 9-тото место и два поени.
| Голема награда на Сакир. 87 круга, 307.548., Време: Суво/Ноќна трка. |
|||
| ПЛАСМАН: | |||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
| 1. | Серџо Перез | Рејсинг Поинт |
1ч31:15.114 |
| 2. | Естебан Окон | Рено | + 10.518 |
| 3. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | + 11.869 |
| 4. | Карлос Саинц Јр. | Мекларен | + 12.580 |
| 5. | Даниел Рикиардо | Рено | + 13.330 |
| 6. | Алекс Албон | Ред Бул | + 13.842 |
| 7. | Даниел Квјат | АлфаТаури | + 14.534 |
| 8. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | + 15.389 |
| 9. | Џорџ Расел | Мерцедес АМГ | + 18.556 |
| 10. | Ландо Норис | Мекларен | + 19.541 |
| 11. | Пјер Гасли | АлфаТаури | + 20.527 |
| 12. | Себастијан Ветел | Ферари | + 22.611 |
| 13. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | + 24.111 |
| 14. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | + 26.153 |
| 15. | Кевин Магнусен | Хас | + 32.370 |
| 16. | Џек Ајткен | Вилијамс | + 33.674 |
| 17. | Пјетро Фитипалди | Хас | + 36.858 |
| НАЈБРЗ КРУГ: ЏОРЏ РАСЕЛ - 55.404 | |||
| БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
| 18. | Николас Латифи | Вилијамс | судир |
| 19. | Макс Ферстапен | Ред Бул | судир |
| 20. | Чарлс Леклер | Ферари | судир |
|
2020 Серџо Перез - Рејсинг Поинт - 1ч31:15.114 @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|||
| ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН 16/17 ТРКИ | |||
| ВОЗАЧИ: | |||
| 1. | Луис Хамилтон | 332 | |
| 2. | Валтери Ботас | 205 | |
| 3. | Макс Ферстапен | 189 | |
| 4. | Серџо Перез | 125 | |
| 5. | Даниел Рикиардо | 112 | |
| 6. | Чарлс Леклер | 98 | |
| 7. | Карлос Саинц Јр. |
97 | |
| 8. | Алекс Албон | 93 | |
| 9. | Ландо Норис | 87 | |
| 10. | Ленс Строл | 74 | |
| 11. | Пјер Гасли | 71 | |
| 12. | Естебан Окон | 60 | |
| 13. | Себастијан Ветел | 33 | |
| 14. | Даниел Квјат | 32 | |
| 15. | Нико Хулкенберг |
10 | |
| 16. | Кими Раиконен | 4 | |
| 17. | Антонио Џовинаци | 4 | |
| 18. | Џорџ Расел | 3 | |
| 19. | Роман Грожан | 2 | |
| 20. | Кевин Магнусен | 1 | |
| 21. | Николас Латифи | 0 | |
| 22. | Џек Ајткен |
0 | |
| 23. | Пјетро Фитипалди |
0 | |
| КОНСТРУКТОРИ: | |||
| 1. | Мерцедес АМГ | 540 | |
| 2. | Ред Бул | 282 | |
| 3. | Рејсинг Поинт(-15) | 194 | |
| 4. | Мекларен | 184 | |
| 5. | Рено | 172 | |
| 6. | Ферари | 131 | |
| 7. | АлфаТаури | 103 | |
| 8. | Алфа Ромео | 8 | |
| 9. | Хас | 3 | |
| 10. | Вилијамс | 0 | |







