На последната трка во Формула 2, Мик Шумахер требаше да финишира во Топ 6 пласман за да ја обезбеди Титулата Ф2 Шампион, во која стартуваше од третата позиција.
Калум Илот, неговиот главен и единствен кандидат во борбата за титулата, трката ја започна од четвртата позиција, но неговата задача не беше едноставна, мораше да излезе како Победник на денешната трка. Од првиот стартен ред тргнаа Дан Тиктум и Џехан Дарувала. Роберт Шварцман, тимскиот колега на Шумахер стартуваше како петти.
Мик стартуваше многу самоуверено и веднаш напредуваше една позиција, но веќе во првите свиоци, по обидот за престигнување на Тиктум за второ место, мораше силно да кочи, по што предното десно тркало блокираше, уништувајќи ја гумата во спринт трка без задолжителни пит-стопови. Германецот успеа да го задржи третото место, иако речиси целосно излета од патеката.
До 10-от круг, Илот успеа да му се доближи на Шумахер, и се обиде да го притисне лидерот во Шампионатот. Во 17-от круг имаше обид за престигнување, но Шумахер со доцно кочење и повторно блокирање на тркалата, успеа да остане напред. Сепак, гумите беа уништени и единствена опција за Мик беше посета на своите механичари, по што се врати на патеката на последното место, со 14 круга до крајот на трката
Иако Калум Илот сега имаше чиста патека, тој не успеа да се приближи до првите две места, а при крајот на трката започна да тоне во поредокот. Во претпоследниот круг на трката, Јуки Цунода го престигна Дан Тиктум, но тој си ја врати втората позиција.
Дуелот продолжи до самиот финиш, кога Јапонецот го освои второто место, потврдувајќи дека е подготвен да се пресели во Формула 1 Шампионатот. Тиктум заврши како трет.
Мик Шумахер трката ја заврши на 18-то место, но тоа не беше важно, бидејќи стана Ф2 Шампион со освоени 215 поени во текот на сезоната, втор беше Калум Илот со 201, Цунода го зазеде 3-то место со 200 поени, Шварцман 177 поени, Мазепин 164.
ФОРМУЛА 2: ШУМАХЕР ШАМПИОН, ДАРУВАЛА ПОБЕДНИК НА ПОСЛЕДНАТА ТРКА
12/06/2020 02:49:00 PM
0
Share to other apps





