Валтери Ботас ќе стартува веднаш до Холанѓанецот, од вториот стартен ред трката ќе ја започнат Луис Хамилтон и Ландо Норис, Алекс Албон и Карлос Саинц Јр. од третиот.
Двајцата возачи на Мекларен се квалификуваа над Рејсинг Поинт, што ветува интензивна борба за третото место во шампионатот на конструктори.
Еден од клучните учесници во таа борба, Серџо Перез од Рејсинг Поинт, трката ќа ја започне од последниот ред, заедно со Кевин Магнусен, двајцата имаат казни порадио промена на делови од погонската единица.
Исто така, Чарлс Леклер ќе изгуби три позиции за инцидент во првиот круг од ГН на Сахир.
Во Q1 сесијата, сите ги користеа црвените гуми. Шампионот излета од патеката, и не само што изгуби драгоцени секунди, туку го оштети и подот на болдиот, се врати во својата гаража на проверка, но повторно се врати на патеката.
На крајот од сесијата, Латифи се сврте на последниот свиок, продолжи да вози, но потенцијалниот круг за напредок во понатамошната борба беше уништен. Луис Хамилтон го имаше најбрзото време, а на последните места на табелата се пласираа Раиконен, Магнусен, Расел, Фитипалди и Латифи.
Во Q2 сесијата, двајцата возачи на Мерцедес АМГ, Ред Бул, Рено, Ферари и Карлос Саинц Јр. го направија својот прв обид на жолтите гуми, во обид да ја започнат утрешната трка со таа смеша. На крај, само Ферстапен и Леклер успеаа да поминат на медиум смешата, додека најдоброто време повторно го имаше Луис Хамилтон.
Од понатамошната борба отпаднаа Естебан Окон, Рикиардо, Ветел, Џовинаци и Серџо Перез, кој по добиената казна штедеше на гуми и форсираше за поголем пласман.
Во финалната, Q3, сесија сите возачи ги користеа црвените гуми. По првите брзи круга, Валтери Ботас ја имаше провизоната пол позиција, а четворицата возачи на Мерцедес АМГ и Ред Бул беа распоредени во само 15 стотинки разлика.
При вторите обид, борбата се покажа уште поинтензивна. Прво, Луис Хамилтон се најде на врвот, потоа Валтери Ботас го симна за шест стотинки, и на крај Макс Ферстапен беше за две стотинки побрз за негова прва Пол позиција сезонава.
Големата Награда на Абу Даби стартува утре во 14:10 часот по македонско време, со директен пренос на ТВ 24.
| ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА АБУ ДАБИ - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
| 1. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:35.246 | |
| 2. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:35.271 | + 0.025 |
| 3. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:35.332 | + 0.086 |
| 4. | Ландо Норис | Мекларен | 1:35.497 | + 0.251 |
| 5. | Алекс Албон | Ред Бул | 1:35.571 | + 0.325 |
| 6. | Карлос Саинц Јр. | Мекларен | 1:35.815 | + 0.569 |
| 7. | Даниел Квјат | АлфаТаури | 1:35.963 | + 0.717 |
| 8. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:36.046 | + 0.800 |
| 9. | Чарлс Леклер* | Ферари | 1:36.065 | + 0.819 |
| 10. | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:36.242 | + 0.996 |
| Q2 Најбрзо Време: Луис Хамилтон - 1:35.467 | ||||
| 11. | Естебан Окон |
Рено | 1:36.359 | + 1.893 |
| 12. | Даниел Рикиардо | Рено | 1:36.406 | + 1.940 |
| 13. | Себастијан Ветел | Ферари | 1:36.631 | + 1.165 |
| 14. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео |
1:38.248 | + 2.782 |
| 15. | Серџо Перез** | Рејсинг Поинт | / | / |
| Q1 Најбрзо Време: Луис Хамилтон - 1:35.528 | ||||
| 16. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:37.555 | + 2.027 |
| 17. | Кевин Магнусен** | Хас | 1:37.863 | + 2.335 |
| 18. | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:38.045 | + 2.517 |
| 19. | Пјетро Фитипалди | Хас | 1:38.173 | + 2.645 |
| 20. | Николас Латифи |
Вилијамс | 1:38.443 | + 2.915 |
| 107% време: 1:42.215 | ||||
*казна три стартни места ** казна старт од последен ред
ХИБРИДНА ИСТОРИЈА - ЈАС МАРИНА2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:40.480 2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:40.237 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:38.755 2017 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:36.231 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:34.794 2019 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:34.779 2020 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:35.246 @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA | ||||




