Последниот тркачки викенд во 2020 година започна со петочните тренинг сесии на патеката Јас Марина, како подготовка за Големата Награда на Абу Даби во недела.
Мик Шумахер, возачот на Хас за 2021 година, со болидот на Кевин Магнусен, официјално дебитираше во Ф1 шампионатот со учество на првата тренинг сесија, добивајќи шанса да го почувствува VF-20.
Мик Шумахер, Хас: "Би рекол дека денес, работите се одвиваа прилично непречено во Т1. Се навикнував на болидот, тоа е толку голем чекор од Формула 2 во Формула 1, но среќен сум што сè помина добро."
"Се чувствував пријатно со секој прекинувач, а потоа и со секоја промена на прекинувачот во болидот. Започнав на најтврдата смеша и морав да направам неколку последователни кругови што беше навистина добро, секој круг се брои, го зголемувате темпото и учите каде да притиснете повеќе во секој свиок."
"Потоа отидовме на помеката гума, што беше огромен скок, разликата во перформансите на смешите е нешто што навистина силно го чувствувате. Беше кул, навистина убаво. Навистина се радувам што ќе се вратам во болдиот во вторник на тест сесијата."
ШУМАХЕР: ИМА ГОЛЕМА РАЗЛИКА ПОМЕЃУ Ф2 И Ф1 БОЛИДИТЕ
12/11/2020 07:32:00 PM
0
Share to other apps



