Вчера, Карлос Саинц јр. беше во прва посета на Маранело. Следната година, негова седма во Формула 1, 26-годишниот Шпанец ќе му се придружи на Чарлс Леклер во тимот на Ферари за да ја формираат најмладата возачка двојка на тимот од 1968 година.
Утрото, Карлос се запозна со своите идни инженери и механичари, по беше направен калап за изработка на неговото седиште. Во текот на денот, Саинц Јр., заедно со Чарлс Леклер и Матија Биното, учествуваа на неколку состаноци на кои беа сумирани резултатите од сезоната.
Во март, кога Карлос Саинц Јр. треба да земе учество на својата прва трка за Ферари, со 2021 болидот именуван како SF21, тој ќе стане третиот Шпанец што ќе се натпреварува за тимот од Маранело, по Фернандо Алонсо, кој има 96 трки од 2010 до 2014 година, и маркизот Алфонсо де Портаго, кој се тркаше пет пати во Формула 1 во 1956 и 1957 година.
Ден претходно, во базата Ферари во Маранело се одржа виртуелна прес конференција, на која Матија Биното, тимскиот шеф на Ферари, го објави името на новиот 2021 болид и зацртаната цел, новата сезона да се заврши најмалку на третото место во шампионатот на конструктори.
"За време на зимските тестови, сфативме дека нашиот болид не е доволно брз, и очекувавме дека резултатите ќе бидат лоши. Најлошиот резултат во последните 40 години не ги исполнува целите што си ги поставува Ферари, но и на нашите фанови."
"Минимална цел за следната 2021 сезона е третото место во шампионатот. Тим кој завршил втор четирипати и трет еднаш во хибридната ера, треба да може да го стори тоа. Сепак, не смееме да заборавиме дека тимовите кои беа силни во 2020 година ќе бидат брзи и во 2021 година."
"Тимови како Рејсинг Поинт и АлфаТаури ќе можат бесплатно да користат некои идејни решенија за да го прилагодат болидот преку нивното партнерство. Мекларен ќе премине на мотори на Мерцедес. Очекувам уште посилна конкуренција од овие три екипи."
"Иако не знаеме колкав ќе биде развојот на нашите конкуренти, претпоставуваме дека нашата ПЕ повеќе нема да биде најслаба на гридот. Пронаоѓањето на вистинскиот сооднос помеѓу надградбата на 2021 болидот и конструкцијата на болидот за 2022 година ќе биде клучно."
"По тест сесијата во Барселона ќе знаеме на што да дадеме приоритет. Не можеме да си дозволиме да отпишеме уште една сезона."
"Потребни ни се двајца возачи кои редовно ќе освојуваат поени. Не можеме да успееме само затоа што сме Ферари. Ова ќе се случи само ако се подобри секој член на тимот. Карлос и Чарлс ќе имаат еднаков статус, барем на почетокот на сезоната. Двајцата ќе можат да се борат на патеката, но важно е тие да не се оштетуваат еден со друг."
"Како што се развиба шампионатот, ако некој од возачите има јасна предност во однос на другиот, тогаш отворено ќе разговараме за ситуацијата, бидејќи приоритет треба да биде освојување на максималниот број на поени за тимот."
Карлос Саинц Јр. не криеше дека првиот ден во Ферари му значи многу, и им се заблагодарува на сите во тимот за топлиот пречек.
"Како што можете да си замислите, мојот прв ден во црвена боја е доста посебен. Веројатно никогаш нема да го заборавам овој ден. Се чувствувам максимално мотивирано. Вчера јa напуштив Велика Британија и сега овде во Маранело сум полн со енергија и подготвен за нови предизвици."
"Претстојат божиќни и новогодишни празници, за време на кои ќе се обидам да се одморам, да ги надополнам батериите и да се вратам на работа. Можете да бидете сигурни дека на почетокот на Јануари ќе продолжам да работам и да го водам тимот напред. Како што реков, нема да го заборавам мојот прв ден во Маранело. Благодарност до сите во тимот за топлиот пречек!"
ПРВ РАБОТЕН ДЕН ЗА КАРЛОС САИНЦ Јр.
12/19/2020 07:42:00 PM
0
Share to other apps