Претходно овој месец, Светскиот Совет за Мотоспорт на ФИА го одобри 2021 Ф1 календарот, кој вклучува рекордни 23 трки.
Местото на Виетнамското Гран При кое требаше да дебитира во оваа тековна 2020 година, 25 Април, беше ставено под голем знак прашалник, по обвиненијата за корупција на Нгуен Дук Чунг, претседател на Народниот комитет на Ханој, одговорен за организација на настанот.
На крај е донесена одлука за дефинитивно откажување на трката во Виетнам, а според RaceFans, во моментоv главен претендент за трка на овој датум е Италијанската патека Имола, која во изминатата сезона беше домаќин на Формула 1 за прв пат од 2006 година. Како останати кандидати за слободниот датум се споменуваат патеките во Португалија и Турција.
Патеката Портимао има шанса да се врати во календарот, но одржување на трката во Турција на крајот на април е малку веројатно, бидејќи датумите на потенцијалната трка се совпаѓаат со муслиманскиот свет месец Рамазан.