Шефот на мотоспорт дивизијата на Пирели вели дека разликата помеѓу номинираните смеши не е толку голема како на минатонеделната трка.
Марио Изола: "Со толку краток круг на оваа конфигурација на патеката, поредокот е збиен, а разликите се поизбалансирани, вклучително и разликата во перформансите помеѓу номинираните смеши, кои се истите од минатиот викенс. Бидејќи ова е буквално нова патека за одржување на трка, за тимовите беше важно да соберат што повеќе податоци околу перформансите на сите три смеши и да ја формулираат оптималната стратегија."
"Досега видовме помалку деградација отколку што имавме на претходната трка во Бахреин, возена изминатиот викенд. Како резултат, меката C4 смеша може да се користи подолго, отколку што беше пред една недела на стандардната конфигурација. Ова го прави забележителното несовпаѓање на брзината и издржливоста, што силно ќе влијае на стратегијата на трката. Денес видовме дека сообраќајот во еден вака краток круг е дефинитивно проблем, и тоа сигурно ќе влијае на утрешните квалификации."
ПИРЕЛИ ГИ ОБЈАВИ РАЗЛИКИТЕ ПОМЕЃУ ТРИТЕ НОМИНИРАНИ СМЕШИ
12/04/2020 09:52:00 PM
0
Share to other apps



