На Роман Грожан му беа потребни 28 секунди за да излезе од пламенот по инцидентот на трката за Големата Награда на Бахреин. Со оглед на природата на целиот инцидент, повредите на возачот се релативно мали, а Французинот веќе е отпуштен од болницата.
За да избегне посериозни последици, на Грожан му помогнаа новата генерација на огноотпорни тркачки комбинезони и кацигата на компанијата BELL, специјално дизајнирана да го заштити возачот не само од удари, туку и од пламените јазици.
"Кацигата работеше точно како што се очекуваше под овие услови", за RaceFans објасни Стефан Коен, главниот извршен директор на Бел. "Од гледна точка на отпорност на пожар, кацигата работеше добро, исто така и визирот беше целосен."
"Единственото нешто што се стопи беа отстранливите заштитни ленти од надворешната страна на визирот, особено од левата страна на кацигата, па затоа изгледаше како да не е провиден. Можеме да наведеме дека производите на Бел не само што ги исполнуваат стандардите, туку и ги надминуваат."
"Кога мирувате во вашата кацига, практично нема многу воздух што влегува во неа. Во таа ситуација, Роман гореше повеќе од 25 секунди и ако кацигата пушташе воздух, врелите испарувања можеа да му наштетат на белите дробови, но тоа не се случи."
"Немаше знаци на пожар во внатрешноста на шлемот, па затоа сме многу задоволни од тоа како се однесуваше кацигата во такви неочекувани услови."
"Исто така сме горди што и покрај наглите сили на забавување кои во моментот на ударот изнесуваа околу 53Г, кацигата му помогна на Роман да остане свесен, и благодарение на тоа тој можеше да излезе од болидот. Замислете што ќе се случеше ако тој се онесвестеше. Последиците од несреќата би биле сосема различни."
КАЦИГАТА КАКО ЕДЕН ОД ЕЛЕМЕНТИТЕ ШТО ГО СПАСИ ЖИВОТОТ НА РОМАН ГРОЖАН
12/03/2020 03:00:00 PM
0
Share to other apps