Роман Грожан, денес беше отпуштен од воената болница во Манама, откако на неделната трка во Бахреин доживеа ужасен инцидент, кој долго време не беше виден во Формула 1.
Французинот помина три ноќи во болница и ќе остане во Бахреин, продолжувајќи да ги лекува изгорениците на рацете. Тимот и возачот изразија благодарност до лекарите и болничкиот персонал.
Тој имаше видео обраќање и до своите фанови и останатата Ф1 заедница, на кои им се заблагодари за сите желби и други зборови на поддршка и повтори дека се надева дека ќе се врати зад воланот во Абу Даби, за да се натпреварува на својата последна Ф1 трка, како што претходно било планирано.
Посебна благодарност на неговата Твитер страница, упати до еден од неговите француски фанови, кој му испрати слика каде што тој е претставен како легендарниот Супермен.
За неделниот инцидент свое видување даде за Француската телевизија, велејќи дека рацете му горат, но тоа не е ништо во споредба со 28-те секунди во запалениот болид, кои му се чинеле како цела вечност.
Не треба да се биде голем експерт во областа на безбедноста во мотоспортот за да се разбере дека, покрај останатото, ХАЛО-системот, беше најзаслужен за неговото преживување.
Тој помина скоро половина минута во запалениот болид, како резултат на фронталниот судир со ARMCO бариерите поставени покрај патеката, кога неговиот болид беше растргнат на половина, а излеаното гориво веднаш се запали.
Според Роман, тој дури и се сетил на несреќата на Ники Лауда од 1976 година на Нирбургринг, кога Австриецот доби сериозни изгореници.
Помислата на своите деца е она што му дало дополнителна сила да излезе од болидот, за доброто на децата, за доброто на секој што го сака.
"Не знам дали стануваше збор за чудо, но би рекол дека не беше време за заминам од овој свет. Низ визирот на мојата кацига гледав само портокалова светлина, пламенот беше насекаде околу мене. Првично помислив на несреќата на Ники Лауда."
"Таков исход не ми одговараше. Тогаш се сетив на моите деца, морав да излезам за нив."
"Никогаш не сум видел ваква несреќа, дури ни во филмовите. Дури ни во Холивуд."
"Бев во пламен 28 секунди, но, чувствув дека е многу подолго по трите неуспешни обиди да излезам од кокпитот. Сега кога се сè заврши, мило ми е што сум жив."
"Успеав да ги ослободам сигурносните појаси, за да излезам од седиштето, воланот веќе не беше на неговото место, најверојатно испадна при ударот. Како резултат на тоа, моите раце беа изгорени, а мислев дека имам и скршеници."
"Најмногу од сè, бев загрижен за моите најблиски, особено за моите деца, но и за моите родители. За себе, не се плашев особено. Го видов приближувањето на смртта и немав други опции, освен една: морав некако да излезам од таму."
РОМАН ГРОЖАН ПОВТОРНО ВО СВОЈОТ ТИМ
12/02/2020 05:30:00 PM
0
Share to other apps