2020 Ф1 сезоната е при крај. Вкупно 17 трки, четири тројки, нови патеки, стари патеки, нови рекорди. Невидена досега. Неверојатна. И, со неколку исклучоци, сите трки беа зад затворени врати. Единствено нешто што недостасуваше оваа сезона.
Како и да е, кога ја финиширавме 2019 сезоната, под рефлекторите на Јас Марина, никој од нас не можеше да предвиди што ќе донесе 2020 година. Животот можеби сè уште не е каков што го знаевме, но ќе се подобри и ќе продолжиме да се тркаме единствени.
Карлос Саинц Јр.: "Како што се приближуваме до последната трка од 2020 сезоната, во Абу Даби одиме со кренати глави. Се боревме напорно за да бидеме таму каде што сме во оваа фаза од годината и бидете сигурни дека ќе продолжиме да се бориме до крајот за да го добиеме најдобриот можен резултат."
"Минатата сезона имавме неколку добри битки во Абу Даби и се надеваме дека ќе можеме да го направиме истото и оваа година. Ова ќе биде мојата последна трка за Мекларен по фантастичниот двегодишен период."
"Ќе биде емотивен викенд, но прво треба да се тркаме. Ќе настојувам да дадам се од себе, за сите во тимот, додека заедно го комплетираме последниот настан во сезоната."
Ландо Норис: "По незгодната трка на надворешната патека во Бахреин, одиме во Абу Даби да ја завршиме сезоната во висок стил. Мислам дека можеме да бидеме навистина горди на она што го постигнавме како тим оваа сезона, особено ако се земе предвид колку беше нарушена сезоната."
"Поминавме низ тешки трки, заедно, како тим, и имавме и прилично одлични моменти. Се чувствувам како да сум постигнал добар напредок лично и тоа е нешто што сакам да го надоградувам додека ја заокружуваме сезоната и одиме во 2021 година."
"Патеката Јас Марина е една од оние патеки што бараат од вас да бидете многу храбри за да направите претекнувања. Зоните на силно кочење, се најдобрите места за да се претекне, па затоа и перформансите во тие области ќе бидат клучни за добра трка."
"Конечно, тоа е последната трка со Карлос покрај мене како мој тимски колега. Научив многу од него во последните две години и сигурен сум дека и тој научи малку од мене. Ќе се бориме со него до финишот, но, веќе од следната сезона јас со нетрпение очекувам да се борам со него повторно."
ПОСЛЕДНА ТРКА КАКО ТИМСКИ КОЛЕГИ, ЛАНДО И КАРЛОС
12/10/2020 06:34:00 PM
0
Share to other apps




