Големата Награда на Абу Даби ја одбележува 38-та и последна трка за Даниел Рикиардо во боите на Рено. Австралиецот за тоа време има два подиуми на своето име, но останува решен како и секогаш да замине со голем резултат.
Естебан Окон го забележа својот прв Формула 1 пласман на подиумот и најдобриот резултат на тимот од враќањето во спортот во 2016 година. Тоа беше горд момент за Французинот, кој се осврна на финалето за 2020 сезоната.
- Колку уживате во трките во Абу Даби?
Даниел: "Време е за последната трка годинава во Абу Даби. Тоа е патека на која отсекогаш уживав и тоа е едно од првите места каде што возев болид на Формула 1, па затоа патеката ми чува рани спомени од спортот. Времето е одлично и падокот е еден од најубавите во календарот, па затоа е многу луксузно и убаво да се стави крај на една многу чудна, но исто толку незаборавна година."
- Каква е патеката?
Даниел: "Патеката е забавна, но доста е тешко да се претекне, па квалификациите ќе бидат важни. Таа е многу поразлична од надворешната патека во Бахреин, но тука доаѓаме со високи очекувања, по резултатот од минатиот викенд. Тоа е исто така мојата последна трка со тимот и сакам да ја завршам на високо ниво и да заминам знаејќи дека дадов сè од себе до самиот крај."
- Како се чувствувате пред вашата последна трка со тимот?
Даниел: "Четвртото и третото место во шампионатите на возачи и конструктори не се решени, така што има уште многу поени во игра. Ќе се обидеме да имаме уште еден силен викенд и со стил да ја затвориме годината и моето време во Рено!"
- Дали помина чувство на освојување на второто место од Бахреин?
Естебан: "Јас сум сеуште многу среќен од минатиот викенд. Би сакал да искажам голема благодарност до тимот што изведе навистина добра трка, од стратешките одлуки до пит-стоповите, тоа беше тимски напор и сосема заслужен. Дефинитивно бев многу емотивен во неделата по трката, особено кога сè се смири и телефонски разговарав со моите родители и девојка."
"Сон беше не само да се тркаме во Формула 1, туку и да се биде на подиумот, па да се постигне тоа е многу задоволувачко. Сега го имав тоа чувство, сакам да го имам повторно и ќе продолжиме да се бориме за да постигнеме повеќе слични резултати."
- Што ви се допаѓа на трките во Абу Даби?
Естебан: "Викендот во Абу Даби е секогаш доста посебен бидејќи е последната трка во сезоната и владее кул атмосфера во падокот. Tркањето навечер е многу пријатно, па затоа е навистина забавно на овие три последни трки под рефлектори. Целта е да се искористи минатиот викенд, да се заврши силно и да се влезе во зимска пауза на задоволително ниво. Двата долги правци се добри можности за престигнување со ДРС и се надеваме дека ќе бидеме во позиција да се бориме на патеката за да ја искоритиме оваа можност."
- Како беа резултатите во минатото?
Естебан: "Имам одлични спомени од Јас Марина затоа што бев победник на ГП3 шамионатот во 2015 година. Пред минатиот викенд, всушност, тоа беше последниот пат кога искачив на подиумот, што е лудо кога ќе помислам. Ова е патеката каде што возев на Т1 за прв пат во Формула 1. Се чувствувам како да сум тестирал многу на оваа патека, вклучувајќи го и мојот прв обид со RS19 минатата сезона, што ми помогна да се подготвам за мојата прва година со тимот."
ПОСЛЕДНО РОДЕО НА РИКИАРДО СО РЕНО
12/10/2020 05:39:00 PM
0
Share to other apps



