Конфигурацијата е различна, но асфалот е ист, премногу абразивен. Пирели како најбрза ја предлага стратегијата со две застанувања во бокс за успешно комплетирање на 87-те круга, што е највисок број на кругови за годината. Побарувањата за гумите се малку помалку отколку што беа на претходната трка, но абењето и деградацијата се уште се релативно високи.
Најбрзата варијанта на оваа стратегија се два стинта од по 26 круга на жолтите гуми, плус еден стинт од 35 круга на белите гуми, кој што може да биде среден.
Алтернативно, уште една добра стратегија со две застанувања во бокс би бил еден стинт од 21 круг на црвените гуми, плус два стинта на белите гуми од по 33 круга. Многу блиску до тоа е стратегија со 25 круга на жолтите и два стинта од по 31 круг на белите гуми.
За крај ја имаме најбавната стратегија со две застанувања во бокс и тоа со користење на сите три смеши: 23 кругови на црвените, 27 кругови на жолтите и 37 кругови на белите гуми.
Сите горенаведени стратегии можат да се извршуваат по кој било редослед, и со тоа што двајцата фаворити започнуваат со жолтите гуми, тие имаат многу опции, во зависност од реалните стапки на деградација што ќе ги среќаваат за време на трката, со потенцијалното опаѓање на температурите на патеката во текот на ноќта.
Марио Изола, Пирели: "Тоа беше многу отворена квалификациска сесија поради многу краткиот круг, што значеше дека сообраќајот е проблем и сите грешки се зголемуваат, со тоа што болидите беа толку близу еден до друг. Пронаоѓањето на празен простор беше клучно, и сите три сесии беа крајно блиски, што треба да донесе возбудлива трка."
"Двата мерцедеси на првата и втората стартна позиција ќе бидат единствените во Топ 10 пласманот кои трката ќе ја започнат на жолтите гуми, така што ќе биде фасцинантно да се види дали тие тоа ќе можат да го претворат во предност за ГН на Сакир, особено на стартот, со толку многу болиди на побрзите црвени гуми веднаш околу нив."
"Сите три смеши се претставија во добро светло, а стратегијата со две застанувања во бокс, треба да биде најбрзиот избор."
| 2020 ГОЛЕМА НАГРАДА НА БАХРЕИН СТАРТЕН РЕДОСЛЕД |
|
| 1. ВАЛТЕРИ БОТАС - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 2. ЏОРЏ РАСЕЛ - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 3. МАКС ФЕРСТАПЕН - РЕД БУЛ | |
| 4. ЧАРЛС ЛЕКЛЕР - ФЕРАРИ | |
| 5. СЕРЏО ПЕРЕЗ - РЕЈСИНГ ПОИНТ | |
| 6. ДАНИЕЛ КВЈАТ - АЛФАТАУРИ | |
| 7. ДАНИЕЛ РИКИАРДО - РЕНО | |
| 8. КАРЛОС САИНЦ ЈР. - МЕКЛАРЕН | |
| 9. ПЈЕР ГАСЛИ - АЛФАТАУРИ | |
| 10. ЛЕНС СТРОЛ - РЕЈСИНГ ПОИНТ | |
| 11. ЕСТЕБАН ОКОН - РЕНО | |
| 12. АЛЕКС АЛБОН - РЕД БУЛ | |
| 13. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ - ФЕРАРИ | |
| 14. АНТОНИО ЏОВИНАЦИ - АЛФА РОМЕО | |
| 15. ЛАНДО НОРИС - МЕКЛАРЕН | |
| 16. КЕВИН МАГНУСЕН - ХАС | |
| 17. НИКОЛАС ЛАТИФИ - ВИЛИЈАМС | |
| 18. ЏЕК АЈТКЕН - ВИЛИЈАМС | |
| 19. КИМИ РАИКОНЕН - АЛФА РОМЕО | |
| 20. ПЈЕТРО ФИТИПАЛДИ - ХАС | |
|
@МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|







