Промоторите на Формула 1 во Бахреин донесеа одлука за промена на конфигурацијата на патеката за втората трка, и не погрешија. Патеката се покажа како кратка, брза и бараше сосема различни поставки за болидите, што влијаеше на распоредот на возачите.
Луис Хамилтон беше позитивен на коронавирусот, а повредите на Роман Грожан здобиени на трката за Големата Награда на Бахреин доведоа до замени. Во тимот на Мерцедес АМГ се решија да му дадат шанса на нивниот возач од младинската академија, Џорџ Расел, кој привремено се пресели од Вилијамс.
Зад воланот на неговиот Вилијамс влета Џек Ајткен од Формула 2 шампионатот, а Роман Грожан беше заменет со Пјетро Фитипалди во Хас. Двајцата возачи дебитираа во Формула 1 шампионатот.
Во Q1 сесијата кога се очекуваше дека ќе има голема гужва, возачите прво се решија за потврдите смеши, но кога видоа дека тоа може да биде проблем, сите се префрлија на црвените. Пред почетокот на квалификациите, возачите одржаа брифинг, на кој усогласија како ќе постапуваат на кратката патека, за да не се мешаат едни со други, па затоа немаше посериозни проблеми со сообраќајот.
Најдоброто време го забележа Ботас, а од понатамошна борба отпаднаа Магнусен, Латифи, Ајткен, Раиконен и Фитипалди. За прв пат во својата кариера, Латифи беше пред својот тимски колега во квалификациите, а тоа беше дебитантот Џек Ајткен.
Во Q2 сесијата, Ботас, Расел, Леклер, Ветел, Ферстапен, Окон и Рикиардо се одлучија да се обидат на жолтите гуми, останатите со црвени. По првите брзи круга водеше Серџо Перез, кој со помош на црвените гуми забележа време од 53.787 секунди. Првите пет се вклопија во 0.053 делови од секундата.
За вторите кругови, сите освен Ботас и Расел се префрлија на црвените гуми. Болидот на Норис изгуби брзина, а Макс Ферстапен го имаше најбрзото време. Од понатамошна борба отпаднаа Окон, Албон, Ветел, Џовинаци и Норис.
Во финалната сесија, Гасли и Квјат го направија првиот обид на жолтите гуми, останатите се обидоа веднаш со најбрзата смеша, црвените гуми. Неочекувано најбрз беше Макс Ферстапен, а Чарлс Леклар беше само 0.022 делови од секундата зад него. Возачот на Ферари, поради недостаток на пневматици се откажа од втор брз круг. Валтери Ботас реши да има еден круг плус во кој денес го забележа најбрзото време, доволно за Пол позицијата.
Во втората рунда брзи круга, т.е. третиот обид за Ботас, Финецот не успеа да се подобри, но останатите возачи не можеа да забележат подобро време, вклучително и Џорџ Расел, на кој му фалеа само 26 илјадитинки. Макс Ферстапен заостана дополнителни 30 илјадитинки.
ТРКАТА ЗА ГН НА САКИР Е НА ПРОГРАМАТА УТРЕ, СО ПОЧЕТОК ОД 18:10 ЧАСОТ И ДИРЕКТЕН ПРЕНОС НА ТВ 24ВЕСТИ
| ГОЛЕМА НАГРАДА НА САКИР - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
| 1. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 53.377 | |
| 2. | Џорџ Расел | Мерцедес АМГ | 53.403 | + 0.026 |
| 3. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 53.433 | + 0.056 |
| 4. | Чарлс Леклер | Ферари | 53.615 | + 0.236 |
| 5. | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 53.790 | + 0.415 |
| 6. | Даниел Квјат | АлфаТаури | 53.906 | + 0.529 |
| 7. | Даниел Рикиардо | Рено | 53.957 | + 0.580 |
| 8. | Карлос Саинц Јр. | Мекларен |
54.010 | + 0.633 |
| 9. | Пјер Гасли | АлфаТаури | 54.154 | + 0.777 |
| 10. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 54.200 | + 0.823 |
| Q2 Најбрзо Време: Макс Ферстапен - 53.647 | ||||
| 11. | Естебан Окон | Рено | 53.995 | + 0.348 |
| 12. | Алекс Албон | Ред Бул | 54.026 | + 0.379 |
| 13. | Себастијан Ветел |
Ферари | 54.175 | + 0.528 |
| 14. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 54.377 | + 0.730 |
| 15. | Ландо Норис | Мекларен | 54.693 | + 1.046 |
| Q1 Најбрзо Време: Валтери Ботас - 53.904 | ||||
| 16. | Кевин Магнусен | Хас | 54.705 | + 0.801 |
| 17. | Николас Латифи | Вилијамс | 54.796 | + 0.892 |
| 18. | Џек Ајткен | Вилијамс | 54.892 | + 0.988 |
| 19. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 54.963 | + 1.059 |
| 20. | Пјетро Фитипалди |
Хас | 55.426 | + 1.522 |
| 107% време: 57.677 | ||||
САКИР - НАДВОРЕШНА КОНФИГУРАЦИЈА
2020 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 53.377
@МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
@MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA
| ||||



