Поминаа седум години од трагичниот инцидент на француските Алпи, по што животот на Михаел Шумахер драматично се промени и оттогаш семејството на седумкратниот шампион го заштитува своето право на приватност на секој можен начин и не споделува скоро никакви информации за неговата состојба.
Од неколкуте најблиски пријатели на Михаел, вклучително и претседателот на ФИА, Жан Тод и спортскиот директор на Формула 1, Рос Браун, знаеме дека тој продолжува да се бори.
Денес Михаел Шумахер полни 52 години, а тимот на Ферари, тим со кој ги забележа најголем дел од своите победи и освои пет од седум шампионски титули, објави постер посветен на овој настан, честитајќи му го роденденот на германскиот возач.
Ф1 фановите ширум светот им се придружуваат на овие честитки. Неговиот 21-годишен син Мик ќе дебитира во Формула 1 со тимот на Хас оваа година, така што тркачката традиција на семејството Шумахер продолжува.
МИХАЕЛ ШУМАХЕР ДЕНЕС ПОЛНИ 52 ГОДИНИ
1/03/2021 01:54:00 PM
0
Share to other apps