Со воведната 11км. етапа стартуваше 2021 Дакар релито, кое се одвива во Саудиска Арабија. Во категоријата на автомобили во водство е Катарскиот возач Насер Ал-Атија, додека Рики Брабец го освои првото место во категоријата на мотоцикли.
Еве сè што треба да знаете:
Ал-Атија е трикратен победник на Дакар, во категоријата на автомобили, а со оваа воведна победа ја забележа својата 36-та етапна победа. Тој ја отвори денешната специјална етапа од 277 километри. Катарскиот возач, кој победи на релито Дакар во 2011, 2015 и 2019 година, рече:
"Работите стануваат сериозни со долгата почетна етапа."
Тимските колеги на Ал-Атија, во вториот автомобил на Тојота Хилукс, Куба Пржигоски и Жиниел Де Вилиер, исто така поставија брзи времиња, додека Карлос Саинц и Стефан Петерхансел, со Мини, исто така беа во можност да останат близу до врвот на воводната етапа.
"Се чувствуваме толку среќни што ја започнавме трката, сакам да им кажам голема благодарност на сите што го овозможија ова", рече Петерхансел.
Французите Себастијан Леб и Сирил Деспре можат да бидат задоволни со своите први километри на Дакар релито со нивните соодветни нови проекти. Деветкратниот шампион во WRC, Леб заостануваше само 17 секунди од времето на Ал-Атија, а Деспре беше 30 секунди побавен.
Во конкуренција на мотоцикли, бранителот на титулата, Брабец беше најбрз на воведната етапа, но поранешните победници Тоби Прајс, Матијас Вокнер и Сем Сандерленд завршија на само една минута од лидерот.
Дебитантот на Дакар, Даниел Сандерс, имаше импресивна воведна етапа со третото најбрзо време на денот. Тој рече: "Моторот леташе и навистина имав добар ден. Добро беше да се ослободиме од тремата пред првиот голем ден."
Сандерс не беше единствениот дебитант на Дакар кој заработи место на подиумот, бидејќи Сет Квинтеро го освои второто место во категоријата Лесни возила. Минатата година, на 18-годишникот му беше одземена шансата да се трка на Дакар релито поради неговата возраст и очигледно е расположен да го надополни изгубеното време.
Повеќекратниот победник на Дакар релито кај камионите, тимот на Камаз Мастер, имаше добра воведна етапа со сите четири нивни екипажи во разлика од една минута до лидерот на трката Сергеј Вјазович. Најблискиот нивни камионџија беше Антон Шибалов, кој заостануваше само седум секунди од победничкото темпото.
Во категоријата на квадови, имаше тесен финиш помеѓу Французинот Александар Жиру кој го освои првото место, и Аргентинецот, Мануел Андухар, кој задоцни само една секунда.
Топ три вкупни резултати во секоја категорија:
АВТОМОБИЛИ
1 301 NASSER AL-ATTIYAH/MATTHIEU BAUMEL
TOYOTA GAZOO RACING 00:05.48
2 339 BRIAN BARAGWANATH/TAYE PERRY
CENTURY RACING 00:05.48
3 303 YAZEED AL RAJHI/DIRK VON ZITZEWITZ
OVERDRIVE TOYOTA 00:05.56 +00:00.08
МОТОРЦИКЛИ
1 1 RICKY BRABEC
MONSTER ENERGY HONDA TEAM 2021
00:06.01
2 88 JOAN BARREDA BORT
MONSTER ENERGY HONDA TEAM 2021
00:06.07
+ 00:00.06
3 21 DANIEL SANDERS
KTM FACTORY TEAM
00:06.14
+ 00:00.13
КАМИОНИ
1 502 SIARHEI VIAZOVICH/PAVEL HARANIN/ANTON ZAPAROSHCHANKA
MAZ-SPORTAUTO
00:06.38
2 505 ALIAKSEI VISHNEUSKI/MAKSIM NOVIKAU/SIARHEI SACHUK
MAZ-SPORTAUTO
00:06.39
+ 00:00.01
3 503 MARTIN MACIK/FRANTISEK TOMASEK/DAVID SVANDA
BIG SHOCK RACING
00:06.41
+ 00:00.03
SSV
1 408 AUSTIN JONES/GUSTAVO GUGELMIN
MONSTER ENERGY CAN-AM
00:06.43
2 404 REINALDO VARELA/MAYKEL JUSTO
MONSTER ENERGY CAN-AM
00:06.47
+ 00:00.04
3 412 SALEH ALSAIF/ORIOL VIDAL MONTIJANO
FN SPEED - BLACK HORSE TEAM
00:06.48
+ 00:00.05
КВАДОВИ
1 152 ALEXANDRE GIROUD
TEAM GIROUD
00:07.35
2 154 MANUEL ANDUJAR
7240 TEAM
00:07.36
+ 00:00.01
3 155 KAMIL WISNIEWSKI
ORLEN TEAM
00:07.39
+ 00:00.04
ДАКАР РЕЛИ - ВОВЕДНА ЕТАПА
1/03/2021 01:17:00 PM
0
Share to other apps