Рено денес ја презентираше нивната ребрендирана спортска програма оваа година, која ќе биде препознатлива по брендот Алпин. Беа прикажани видео и фотографии од првиот поглед на тоа како би можеле да изгледаат болидите на Алпин Ф1 тимот.
Болидот има едноставна црна боја со француската тробојка на задниот дел од капакот на моторот, но, беше наведено дека оваа опција не е финалната, а бојата може да се смени на официјалната презентација, со појавата на нови партнери или спонзори.
Ознаката на 2021 болидот ќе биде А521, комбинација од името на прототипот А500 од 1975 година со броевите за тековната година. Новиот шеф на Алпин, Лоран Роси беше присутен на презентацијата и потврди дека претставувањето на новиот тим и новиот болид ќе се одржи во февруари, без да прецизира одреден датум.
РЕНО ЈА ПРЕЗЕНТИРАШЕ РЕБРЕНДИРАНАТА СПОРТСКА ПРОГРАМА
1/14/2021 07:36:00 PM
0
Share to other apps