Првата сесија тешко дека беше репрезентативна, бидејќи Ферари беа на жолти гуми, а Мерцедес АМГ, и покрај тоа што користеа црвени гуми, беа далеку зад нив.
Понатаму, Макс Ферстапен дури и не учествуваше во оваа сесија, а Мекларен беа во своја лига. Не изгледаше реално.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМОВИТЕ ЗА ТРЕНИНГ 2, 16:00 МК, ЌЕ БИДАТ ПОСТИРАНИ НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН, ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Големата награда на Холандија, со победата на Ландо Норис, сега е зад нас. Тркачкиот викенд во Италија започна со првата тренинг сесија, на која учествуваа четири млади возачи.
На патеката во Монца температурата беше 49 степени Целзиусови и прогласена опасност од топлина, т.е. возачите задолжително мора да користат уреди за расладување.
Ајуму Иваса беше првиот што излезе на патеката, поставувајќи почетно време од 1:34.202. Во првите минути, со многу активност и тестирање на различни гуми, тоа време брзо се намали.
Џорџ Расел стартуваше со 1:25.259. Меѓу најдобрите тимови, возачите на Мерцедес АМГ и Мекларен беа на жолти, додека Ферари на белите гуми.
И покрај ова, Чарлс Леклер успеа да намали на 1:24.482 и да го преземе водството, иако Лосон брзо го престигна неговото време за само 99 илјадити делови од секундата.
Кратко потоа се појавија првите времиња од 1:23... Ландо Норис беше најбрз со 1:23.719, следен од Џорџ Расел со 83 илјадити делови од секундата и Луис Хамилтон со една десетинка заостанување.
Чарлс Леклер постигна време од 1:24.023, а Франко Колапинто ги изненади сите со освојувањето на петтото место.
Во тие моменти беа развеани црвените знамиња, бидејќи Кадилакот на Колтон Херта имаше проблем и тој беше замолен да застане покрај патеката.
По црвеното знаме, возачите на Мерцедес АМГ веднаш се префрлија на црвени гуми, а Џорџ Расел брзо го презеде водството со време од 1:23.312, а по него следуваше Кими Антонели со три десетинки заостанување.
Сепак, Чарлс Леклер, на нов сет жолти гуми, веднаш се појави со одлично време од 1:23.008, што беше три десетинки од секундата побрзо од Расел. Луис Хамилтон, и покрај тоа што имаше заветрина по Аскари свиокот, заостануваше половина секунда.
По половината од сесијата, Арвид Линдблад беше најбрз во средната на поредокот, на седмото место, веднаш пред Франко Колапинто.
Во последните минути од сесијата имаше многу малку подобрувања и неколку долги стинтови. Всушност, првите седум останаа непроменети во последните десет минути, што значи дека Чарлс Леклер ја заврши сесијата на врвот на табелата, додека Луис Хамилтон, откако се подобри на 1:23.181, обезбеди еден-два пласман за Ферари.
Дали е реална моќта на Ферари? На жолти гуми три десетинки побрзи од возачите на Мерцедес АМГ на црвени гуми на патека како Монца. Дали новиот АДУО2 мотор е полн погодок?
Макс Ферстапен не учествуваше во сесијата, а Лосон беше четврти најбрз со време поставено во својот единаесетти круг на црвените гуми, така што има многу простор за подобрување.
Кими Антонели заврши петти, по него Ландо Норис, Арвид Линдблад, Габриел Бортолето и болидите на Алпин, Франко Колапинто и Пол Арон.
Дали ве збуни пласманот на Фернандо Алонсо? Во преносот беше осумнаесетти, 1:25.780 со жолти гуми, но неговиот најдобар круг беше избришан поради пречекорување на лимитите на патеката, па на табелата заврши претпоследен.
НАЈАВЕНИ НАДГРАДБИ ЗА МОНЦА














