На третата етапа од Дакар релито доминираа возачите на Тојота, возејќи ги "Хилуксите" со бензински мотори. Најбрз на етапата, како и вчера, беше екипажот на Насер Ал-Атија, но второто место му припадна на неговиот тимски колега Хенк Латеган од Јужна Африка, за кого ова е само втор Дакар, а во оваа категорија се води како дебитант. Како и да е, тој загуби од лидерот за нешто помалку од две и пол минути.
Што е со фаворитите? Стефан Петерхансел финишираше како трет, но го задржа водството во генералниот пласман. И повторно, неговите тимски колеги, шпанскиот екипаж на Карлос Саинц и Лукас Круз, имаа многу проблеми со навигацијата, тие ја загубија рутата, при што изгубија повеќе од половина час и го зазедоа само 21-то место.
Карлос Саинц до моментот кога погрешно заврте, приближно на средината од етапата, беше повеќе од минута пред Ал-Атија. Почетокот беше доста добар, но потоа ситуацијата драматично се промени. Толку големо заостанување се објаснува со фактот дека екипажот предоцна сфатил дека залутал.
Згора на се, за да се надополни изгубеното време, Шпанецот мораше максимално да го оптерети својот Мини. Се разбира, целта е далеку, тој не се предава, ќе форсира максимално, но сето тоа секогаш носи дополнителен ризик.
50-годишниот Ал-Атија изјави: "Ние форсиравме многу и не направивме грешки. Мојот совозач добро се снајде со навигацијата. Сè на автомобилот работи навистина добро."
Петерхансел, 55, додаде: "Имавме микс од сè. Имавме дупната гума на карпестите делови, па малку намалив после тоа. Потоа забрзавме во кањоните."
Меѓу моторциклистите, Австралијанецот, Тоби Прајс, беше најбрз, како што доликува на двократен победник на Дакар релито. Тој вози фабрички мотор на КТМ. Но, во генералниот пласман, тој сè уште го зазема само 4-тото место, а во водство е американецот Скајлер Хаус, многу помалку искусен возач, кој исто така вози мотор на КТМ. Разликите не се толку големи, така што се може да се промени со секога завршена етапа.
Во класата на квадови, победата му припадна на Аргентинецот Николас Кавиласо, Јамаха, кој веќе го освои Дакарот пред две години.
За прв пат во класата на камиони, победник е белорускиот екипаж на Сергеј Вјазович, МАЗ-СПОРТАУТО, но, Димитриј Сотников со КАМАЗ-МАСТЕР задоцни само 18 секунди од него. Екипажот на Антон Шибалов ја заврши етапата на 3-то место. Триото Сотников-Ахмадеев-Ахметзијанов продолжува да води во генералниот пласман.
Сотников, 35, изјави: "Навигацијата e голем предизвик на овој Дакар. Обрнуваме внимание да ја најдеме вистинската насока и го проверуваме патот за какви било стапици. Досега, нашата тактика фунционира."
Топ три вкупни резултати во секоја категорија:
АВТОМОБИЛИ
1 302 STÉPHANE PETERHANSEL/EDOUARD BOULANGER
X-RAID MINI JCW TEAM
10:39.02
2 301 NASSER AL-ATTIYAH/MATTHIEU BAUMEL
TOYOTA GAZOO RACING
10:44.11
+ 00:05.09
3 308 MATHIEU SERRADORI/FABIAN LURQUIN
SRT RACING
11:05.23
+ 00:26.21
МОТОРЦИКЛИ
1 9 SKYLER HOWES
BAS DAKAR KTM RACING TEAM
12:04.48
2 47 KEVIN BENAVIDES
MONSTER ENERGY HONDA TEAM 2021
12:05.21
+ 00:00.33
3 12 XAVIER DE SOULTRAIT
HT RALLY RAID HUSQVARNA RACING
12:06.16
+ 00:01.28
КАМИОНИ
1 507 DMITRY SOTNIKOV/RUSLAN AKHMADEEV/ILGIZ AKHMETZIANOV
KAMAZ-MASTER
11:47.11
2 502 SIARHEI VIAZOVICH/PAVEL HARANIN/ANTON ZAPAROSHCHANKA
MAZ-SPORTAUTO
12:04.07
+ 00:16.56
3 501 ANTON SHIBALOV/DMITRII NIKITIN/IVAN TATARINOV
KAMAZ-MASTER
12:10.12
+ 00:23.01
КВАДОВИ
1 159 GIOVANNI ENRICO
ENRICO RACING TEAM
14:36.46
2 152 ALEXANDRE GIROUD
TEAM GIROUD
14:40.52
+ 00:04.06
3 150 NICOLAS CAVIGLIASSO
DRAG'ON RALLY TEAM
14:43.27
+ 00:06.41
ТОЈОТА СО ДВОЈНА ПОБЕДА НА ТРЕТАТА ЕТАПА
1/05/2021 08:54:00 PM
0
Share to other apps