Сопственикот на ХАС Ф1, Џин Хас нема илузии за претстојната сезона, во која тимот ќе настапи со минатогодишниот болид.
"Знам дека оваа сезона ќе биде тешка, бидејќи всушност имаме ист болид како во минатата година, а погонската единица на Ферари е слична на ланската. Ние знаеме дека секогаш ќе бидеме три или четири позиции зад Ферари. И ова е нормално, бидејќи Формула 1 е врв на мото-спортот. Нашиот чамец е врзан за бродот Ферари, па кога тие пловат бавно, ние одиме уште побавно."
"Знаеме дека нема да победиме ниту еден тим со Мерцедес ПЕ, но треба да го искористиме тоа што го имаме, да го искористиме максимално. Овој спорт не се однесува само на техничките предизвици, дизајнот на моторот и сè друго, тој претставува борба на патеката, карактер на возачите и сите други аспекти што го прават толку одличен. Со картите што ни се поделени, ние само можеме да се одржуваме во живот и да видиме што носи иднината."
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.