Додека новиот Мекларен, MCL35M, е многу различен под каросеријата благодарение на новата Мерцедес ПЕ, многумина не успеаа да ги забележат големи промени во споредба со неговиот претходник од 2020 година.
Подеталната анализа на деталите од новиот болид истакнаа неколку фасцинантни измени во дизајнот, за кои Мекларен се надева дека ќе му овозможат да ја намали разликата до Ред Бул и Мерцедес АМГ.
Џорџо Пиола ги разгледа десетте карактеристики кои што го издвојуваат новиот болид од неговиот претходник MCL35.
1. Мекларен го претстави новиот нос во Муџело минатата сезона, преминувајќи кон концепт повеќе сличен на оној што го користеше Мерцедес АМГ, а потоа го усвоија и други тимови. MCL35M продолжува да го носи новиот дизајн, со измени на мини перките и крилца за што подобар протокот на воздух низ болидот.
2. Во текот на 2020 година, Мекларен направи неколку измени во страничните крила и дефлектори, од кои многу се карактеризираат со овогодинешниот дизајн. Тимот планира понатамошни измени во овој дел за првата трка, така што дополнителни измени ќе бидат на повидок пред вистинската акција на патеката.
3. Жолтата линија означена на сликата покажува колку се потесни страничните отвори за ладење на MCL35M кога се споредуваат со минатогодишниот болид. Мекларен вложи максимални напори да ја намали оваа област на болидот за да го подобри протокот на воздух околу средината на болидот.
4. Погонската единица на Мерцедес АМГ има различни побарувања за ладење во споредба со таа на Рено. Како последица на тоа, распоредот и изгледот на ладењето е променет. Ребрастиот на изглед, отвор за ладење покрај кокпитот е поголем отколку порано, но исто така е и по контурен за да одговара на обликот на каросеријата што сега нагло паѓа надолу.
Исто така, реконфигуриран е отворот за ладење над возачот, кој сега е многу поголем и овален, додека Рено ПЕ побаруваше помал и триаголен облик на овој детал.
5. Целокупната форма на страничните отвори за воздух, вклучително и испакнатоста по средината на нивната должина, е обновена за да се искористи различната архитектура на погонската единицата. Нешто едноставно како различно позиционирање на издувните грани може да направи значителна разлика во тоа колку тесно може да се припие каросеријата до него.
6. Дизајнот на подвозјето е значително различен за 2021 година, со дијагонален пресек кои го условуваат новите регулативи. Намерата на ФИА беше потисната сила да се намали за приближно 10 проценти.
7. Целосно затворање на сите отвори на 10см. од надворешниот дел на подот, кои станаа одлика на сите болиди од 2017 година. Ова ги вклучува и сите отвори на подот во предниот дел што биле користени за да се постават структури за проток на воздух по ивиците на подот.
8. Дијагоналниот исечок ќе има драматичен ефект врз тоа како аеродинамичарите се справуваат со турбуленцијата создадена од задната гума и нејзиното влијание врз дифузорот. Инженерите на тимовите ќе се обидат да направат промени на работ на подот непосредно пред гумата за да се обидат да влијаат на тоа, како што се гледа овде, кога инженерите на Мекларен го извиткале работ.
9. Претходната регулатива што се однесуваше на подовите, им овозможи на дизајнерите овој просторот да го искористат за комбинација на слотови и перки за да влијаат на протокот на воздух околу задната гума. Сега тие се забранети.
10. Со цел да се смести погонската единица на Мерцедес, меѓуоскиното растојание на болидот исто така малку е зголемено. Ова ќе има влијание врз бројни аспекти на однесувањето на болидот, вклучително и кинематиката на амортизацијата и аеродинамиката.
Како што знаеме, поголемото меѓуоскино растојание е профитабилно за Мерцедес АМГ во последните неколку години, така што нема причина да мислиме дека истото нема да биде случај и со Мекларен, доколку продолжат да работат со малку зголемена косина на болидот.
ДЕСЕТ РАБОТИ ШТО ГО РАЗЛИКУВААТ НОВИОТ МЕКЛАРЕН ОД СТАРИОТ
2/28/2021 08:58:00 PM
0
Share to other apps