Пирели ги објави номинациите на смеши за сите 23 трки што го сочинуваат 2021 Ф1 календарот. Повеќето номинации се слични на оние од минатата година или 2019 година, иако на две трки, Азербејџан и Бразил, се еден чекор помеки, но тука се и две трки, Холандија и Саудиска Арабија, кои се сосема нови патеки за 2021 година.
Земајќи ги во предвид некои логистички тешкотии предизвикани од пандемијата, која има потенцијал да ги наруши тековите на патувањата и нормалното снабдување, спортските регулативи во Формула 1 се променија за да понудат максимална флексибилност. Избор на гуми веќе не треба да се прави 14 недели однапред за неевропските и осум недели однапред за европските тркачки викенди.
Како што беше случај минатата година, ќе има фиксна распределба за секој возач на два тврди, три медиум и осум сета на меки гуми на секоја трка.
Ова значи дека изборот и распределбата ќе биде фиксна во текот на целата сезона, иако Пирели и ФИА го задржуваат правото да ги променат номинациите до 15 дена пред секоја трка, доколку околностите го бараат тоа.
Марио Изола, Пирели: "Објавувањето на сите номинации за годинава ќе им помогне на тимовите и возачите со нивното планирање, овозможувајќи им максимална флексибилност во случај календарот да се смени поради ограничувањата на коронавирусот, како што беше случај во минатата сезона."
"Самите номинации се во целост слични на минатата или 2019 година, (за трките што не се одржаа во 2020) што значи дека тимовите треба да имаат многу податоци на кои може да се потпрат, но имаме две трки каде се номинирани еден чекор помеки смеши. Првата е Азербејџан, каде што нашата тврда гума, C2, не се користеше премногу минатиот пат, затоа сега одиме со најмеките смеши од нашата палета: C3, C4 и C5."
"Потоа го имаме Бразил, каде што оваа година ќе ги земеме C2, C3 и C4, бидејќи C1 смешата што беше избор за минатиот пат не покажа особено голема предност во однос на абењето во однос на медиумот. Во двата случаи, помеката номинација може да доведе до поголема разновидност на стратегии за трка."