C41, 2021 болидот на Алфа Ромео, имаше првично излегување на асфалтот на патеката Каталуња. Роберт Кубица ја имаше честа да биде првиот што ќе седне зад воланот на новиот тимски адут, комплетирајќи 29 круга.
По серијата на инсталациски круга што се одвиваа на почетокот на денот, C41, во новиот бело-црвен дрес, прикажан за време на презентацијата во Варшава, беше ставен на низа тестови од инженерите на тимот, со цел да се извршат сите проверки неопходни за да се обезбеди подготвеност на болидот.
Возач познат по одличните повратни информации и чувствителност, Роберт Кубица, беше идеален кандидат да го проведе C41 низ планираната програма. Полјакот треба да ги спореди податоците добиени во пракса и подоцна во симулаторот на тимот, вредна алатка на која што се потпираат сите тимови за подобар развој на болидите за следната сезона.
Денот поминал без проблеми со издржливоста, оставајќи пријатно чувство кај сите во тимот пред единствената пред-сезонска тест сесија, закажана за 12-14 март во Бахреин, и подготвеноста да се насочи вниманието кон перформансите.
Фредерик Васер, тимски шеф: "Денешната работа е клучен чекор во нашите подготовки за тековната сезона и јас сум задоволен што денот помина како што беше планирано. Можевме да ги извршиме сите проверки што требаше да ги направиме и сега можеме да се фокусираме на анализа на овие први податоци и да се подготвиме за тест сесијата во Бахреин."
Роберт Кубица, #88: "Секогаш е посебен момент да се биде првиот што ќе го вози новиот болид. Денешниот фокус беше да се осигураме дека сè ќе работи според планираното и да се осигура дека сите системи се функционални, така што перформансите не беа цел, но возбудата од возење ваков болид не е ништо помала. Болидот се однесуваше добро и со нетрпение очекувам да го возам уште еднаш подоцна во сезоната."
C41 ДЕБИТИРАШЕ НА КАТАЛУЊА
2/26/2021 10:10:00 PM
0
Share to other apps