Ферари е единствената екипа што учествувала на сите шампионати во Формула 1 од 1950 година. Сезоната 2021 година ќе биде особено важна, бидејќи имаат многу предизвици со кои треба да се соочат.
Матија Биното, тимски шеф: "Минатата година нашиот главен проблем беше недостатокот на брзина на правците. И тоа не беше само недостаток на моќ, туку и голем отпор на фронталниот воздух. Работевме многу на решавање на овој проблем, и со ПЕ и со аеродинамиката. Врз основа на резултатите од спроведените симулации, гледаме дека оваа разлика е во голема мера намалена."
"За оваа сезона очекувам дека брзината на правците нема да биде проблем за нас како порано. Се надевам дека ќе бидеме конкурентни, но тоа ќе го дознаеме во Бахреин. Резултатите во Формула 1 се секогаш релативни, наскоро ќе откриеме што беа во можност да постигнат нашите конкуренти. Ние веруваме дека овој болид е многу поефикасен од минатата година, како во однос на аеродинамиката, така и моќноста на погонската единица."
"SF21, наследи многу елементи од претходникот. За прв пат, ние сме ограничени во тоа колку можеме да потрошиме. Покрај сè, ние мора да развиеме болид од нула за 20222 сезоната, и за време на оваа работа неизбежно ќе се соочиме со пречки, а грешките не се исклучени. Некои од нив се неприфатливи, други може да се разберат. Ние ги прифаќаме овие предизвици со решителност и подготвени сме да ги надминеме со новиот возачки пар."
"Формула 1 е уникатен спорт во кој работата на стотици луѓе зависи од двајца возачи. На крајот на краиштата, возачите се тие што го држат воланот, ги притискаат педалите за гас и сопирачките, ги гледаат ривалите на патеката и ги избираат најдобрите траектории, истиснувајќи го максимумот од болидот. Карлос Саинц и Чарлс Леклерк ќе ни помогнат да ги постигнеме целите во 2021 година. Тие се најмладото дуо на Ферари возачи од 1968 година. Имаме намера да ја градиме иднината на тимот околу нив. За возврат, тие се добро свесни за долгата и истакната историја на Ферари."
"Сакам да апелирам до Чарлс, Карлос, сите жени и мажи кои работат во Ферари и сите наши фанови. Од детството сум фан на Ферари. Заедно со Чарлс и Карлос, мора да дадам се од себе. Ние сме дел од тим што значи повеќе од секој од нас како индивидуа. Ние ја наследивме оваа страст, но се сеќаваме и на разочарувањата од минатото кои не треба да се повторуваат."
"Нашата цел е јасна, ние мора гордо да го носиме знамето на Ферари бидејќи тоа е симбол на извонредна италијанска совршеност. Јас совршено разбирам дека во услови на борба грешките се можни, но очекувам бројот на грешки да биде намален на неколку или воопшто да ги нема. Очекувам да видам добра борба и здрава конкуренција. Апелирам до фановите кои ги следат и оценуваат нашите настапи: Повелете! Тестовите и првата трка се на повидок."
На објавеното видео, свое видување дадоа и двајцата возачи на Ферари, Чарлс Леклер и Карлос Саинц Јр.
Чарлс Леклер, #16: "Почнав да се тркам кога имав три и пол години, тогаш татко ми и јас отидовме да го посетиме неговиот најдобар пријател, Филип Бјанки, татко на Жил Бјанки. Тој имаше картинг патека во Брињолес. Таму ги возев првите кругови во картинг, и веднаш се заљубив во овој спорт. На пат кон дома, му реков на татко ми дека кога ќе пораснам, ќе станам тркачки возач."
"Кога потпишав договор со Ферари, тоа беше посебен ден. Јас сум прилично млад, но работев напорно за да го постигнам ова. Ми се чинеше дека знаев што да очекувам од Ферари, но кога прв пат дојдов тука и се запознав со тимот, сфатив колку многу внимание се посветува на деталите тука. Сè е направено за да се постигнат максимални резултати."
"Можете да ја почувствувате страста со која работат луѓето, тоа е она што го прави Ферари различен од другите тимови во Формула 1. И возачот и тимот се очекува да имаат одлични резултати. Но, нема за што да се жалиме: 99% од моите должности ги вршам со насмевка, среќен сум што можам да го правам тоа."
"За мене, Ферари е како семејство, заедно ги надминуваме тешкотиите и заедно се радуваме на успехот. Зад возачот стои цел тим кој работи деноноќно за да се постигне успех. Формула 1 е тимски спорт. Тука сум да бидам понапред од останатите, но да се понапред од мојот тимски колега не е лесно, бидејќи тоа е единствениот возач кој има ист болид. Сето ова е многу тешко, но затоа ми е интересен нашиот спорт. Постојано се мотивираме едни со други, а главната цел е Ферари да победи."
"На трката, треба да земете предвид многу различни фактори. Потребна ви е вистинската стратегија, правилна работа со гумите, можност за заштеда на гориво. Сето ова е многу важно, бидејќи резултатите зависат од тоа. Треба да држите сè под контрола. Работев многу со гумите и постигнав огромен напредок во оваа област во изминатата година. Се обидувам да постигнам максимална брзина и да бидам агресивен. Не можам да си дозволам да ја изгубам концентрацијата за секунда, најмалата грешка може да доведе до сериозни последици."
Карлос Саинц Јр., #55: "Од детството чувствував страст кон трките, бидејќи бев постојано опкружен со мотори, гориво и гуми. Првпат седнав во картинг кога имав две или три години. Ова не е изненадувачки, бидејќи татко ми е двократен светски шампион во рели. Кога имав десет или единаесет години, првпат дојдов во Барселона за Големата Награда на Шпанија, каде ги запознав Фернандо Алонсо и Михаел Шумахер. Од тој момент имав специфична цел, да се натпреварувам во Формула 1."
"За време на потпишувањето на договорот, сфатив дека станав возач на Ферари. Тоа радикално го промени мојот живот. Мојот прв ден во Ферари беше во декември кога пристигнав во базата да се сретнам со тимот, моите инженери и механичари. Кога за прв пат ќе го облечете црвениот комбинезон и ќе се погледнете во огледало, разбирате дека никогаш нема да го заборавите овој ден, дури ни на 90 години. Горд сум што сум возач на Ферари на возраст од дваесет и шест години."
"Мојата цел во следните пет години е да ја освојам шампионската титула. Мислам дека Ферари е најдобриот тим за ова. Јас сум на вистинското место, но ни треба малку повеќе време за да го овозможиме тоа. Знам дека сум дел од легендарен тим и се чувствувам одговорен за сè. Ферари е најуспешниот тим во историјата на Формула 1, тим што инспирира страст кај навивачите ширум светот. Сега е важен момент, бидејќи мора да се опоравиме од минатите неуспеси и да го вратиме Ферари на врвот."