На 12 февруари, во срцето на Гестионе Спортива во Маранело, СФ21, 2021 болидот на Скудерија Ферари, кој оваа сезона ќе го возат Чарлс Леклерк и Карлос Саинц, беше стартуван за прв пат.
Непосредно пред ова, Матија Биното, тимскиот шеф, разговараше со целиот тим, од кои мнозинството беа поврзани далечински преку видео и аудио за да бидат сведоци на овој важен момент.
""Нашата 2021 сезона започнува тука. Можеме да очекуваме многу предизвици и решени сме да се справиме подобро. Болидот е подобрен во сите области каде што правилата дозволуваат. Ние мора да работиме на решителен и фокусиран начин, свесни за тоа каде бевме и каде сакаме да бидеме."
Звукот на новата Ферари погонска единица одекнуваше околу областа на склопување на болидот, со вклучен минимален број на персонал, во согласност со работните практики поврзани со пандемијата.
Како што претходно споменавме, овогодинешната презентација на тимот и болидот ќе биде изведено во текот на два on-line настани на 26 февруари и 10 март.
ФЕРАРИ SF21 ЌЕ БИДЕ ПРЕЗЕНТИРАН НА 10 МАРТ, ТИМОТ НА 26 ФЕВРУАРИ
2/14/2021 01:45:00 PM
0
Tags
Share to other apps