За претстојната сезона тимот се реши за комплетно нова, дебитантска возачка постава, Мик Шумахер и Никита Мазепин. Неговиот татко, бизнисменот Дмитриј Мазепин, е заменик претседател на Управниот одбор на Уралкали.
Претходно, во 2018 година тој се обиде да го купи тимот на Форс Индија, но беше “претркан” од канадскиот милијардер Лоренс Строл, тим кој од оваа сезона се смета како фабрички тим на Астон Мартин.
Поради ограничувањата кои ги носи тековната пандемија во Европа, ПЕ на Ферари ќе биде монтирана на VF-21 по прв пат дури кога тимовите ќе пристигнат во Бахреин, непосредно пред почетокот на предсезонската тест сесијата.
Официјалната презентација на VF-21 ќе се одржи на 12 март во 8:30 часот по локално време пред почетокот на првиот тест ден.
Џин Хас, сопственик на тимот: "Воодушевен сум што го поздравувам Уралкали во Формула 1 како главен спонзор на Хас Ф1. Со нетрпение ја очекуваме можноста да го застапуваме овој бренд во претстојната сезона, кога со нас ќе настапуваат Никита Мазепин и Мик Шумахер."
"Време е за промена, но се надевам дека ќе се вратиме во борбата и повторно ќе освојуваме поени на трките. Имавме неколку тешки сезони зад нас, но ние размислуваме за 2022 година кога ќе стапи на сила новата регулатива."
Гинтер Штајнер, тимски шеф: "Се согласувам со Џин, воодушевени сме што од оваа година Уралкали ќе стане наш партнер. Се подготвуваме за сезоната со нов спонзор и нови возачи, сезоната ветува дека ќе биде интересна. Се надевам дека ќе бидеме успешни."
"Нашите возачи имаат многу за учење, но технички размислуваме за иднината. Не е тајна дека не планираме да го развиваме VF-21, бидејќи тимот е целосно насочен кон дизајн и конструкција на болидот за 2022 година, кога, се надевам, разликата во брзината помеѓу тимовите ќе се намали."
"Имаме груба идеја за тоа кои позиции ќе ги заземеме оваа сезона, но ако има шансa, дефинитивно мора да ја искористиме. Нема да им биде лесно на нашите возачи, ќе имаат малку време за адаптација на патеката, но се надевам дека ќе напредуваат, и како возачи и како членови на нашиот тим."
За време на видеоконференцијата, Мик Шумахер зборуваше за последните денови од подготовките за дебитантската сезона.
Мик Шумахер, #47: "Во Велика Британија морав да поминам пет дена во изолација, а потоа работевме од 8 до 23:30 часот за да можам да се чувствувам што е можно поудобно во болидот. Не беше лесно, кокпитот е многу тесен. И покрај таквата напорна работа, сепак мора да се прилагодите на патеката. Одредени финеси можете да ги забележите само додека го возите болид, да го разберете подобро."
"Останатите денови пред тест сесијата ќе ги потрошам на обука, работам на ова шест дена во неделата. Најголемо внимание сега е на мускулите на вратот. Најдобрата обука е возење на вистински болид. За жал, немаме толку многу денови за ова колку што би сакале."
"Многу ми се допадна обојувањето на новиот болид, тоа е прекрасно. Особено е убаво да го видите вашиот број на него, 47. Со многу тренинг во симулаторот на Ферари, чувствувам дека сум добро подготвен за претсезонската тест сесија. Јас сум целосно фокусиран на нашата програма."
"Знаеме дека тимот нема да го развива болидот во текот на сезоната, фокусирајќи се целосно на болидот за следната сезона. Но, ова не ги менува нашите амбиции. Треба да го искористиме она што го имаме. Сакам да му помогнам на Хас да има подобри резултати од минатата сезона."
"Со Никита се запознав уште во 2012 година, кога се тркавме во картинг. Во 2013 година, ние бевме тимски колеги, а потоа често возевме во исти шампионати, во 2017 година во Формула 3, од 2019 година во Формула 2. Никита е силен противник."
На презентацијата на новите бои на Хас, дебитантот во Формула 1, Никита Мазепин, зборуваше за претстојната сезона и скандалозното видео што на рускиот дебитант му даде слика на лошо момче.
Никита Мазепин, #9: "Разбирам дека тоа беше неприфатливо однесување. Како што реков, јас ја преземам одговорноста за моето однесување на патеката и надвор од неа. Луѓето мора да се однесуваат на одреден начин едни кон други за да живеат во мирен и хуман свет. Сега ќе станам еден од тие луѓе."
"Се покажа дека направив сериозна грешка. Ја презедов одговорноста за тоа, извлеков заклучоци и се надевам дека годината ќе помине без проблеми. Кога потпишувате договор со тим во Формула 1, веднаш станувате пример за деца кои исто така се стремат да влезат во овој шампионат."
"Преминот од Формула 2 во Формула 1 е сериозен чекор, имам многу да научам. Ова е она што ме загрижува повеќе од креираната слика. Сакам моите тркачки настапи да зборуваат за мене. Сакам да му се заблагодарам на тимот што ме поддржа и ми помогна да извлечам заклучоци. Мислам дека по овој инцидент напредував во воспитувањето и однесувањето, па затоа многу ми помогна."
"Мик е одличен возач, но мојата работа е да се обидам да бидам понапред од него. Порано бев чекор пред Мик, но тој повторно ме стигна. Не сум загрижен за нашите шанси оваа година. Јас сум сигурен во тимот и во Ферари, Мик и јас имаме сè за да ги подобриме нашите вештини во Формула 1."
"Што се однесува до однесувањето на патеката, ако забележите слободен простор и не се обидете да нападнете, тогаш не сте возач. Во некои ситуации, стјуардите нема да се согласат со мене, ова е неизбежно. Но, знам дека во Формула 1 треба да го прилагодам мојот стил на возење за да постигнам успех."
"За да влезете во Формула 1, ви требаат одредени предуслови и вештини. Јас не сум првиот, нити последниот возач што добил финансиска поддршка. Јас го третирам ова како предизвик, морам да се докажам во Формула 1 и да им дадам пристоен одговор на оние што ме критикуваат."

12.03.2021 UPDATE:ОФИЦИЈАЛНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ХАС, VF-21
Самиот болид беше презентиран пред почетокот на првиот ден од претсезонската тест сесија во Бахреин, кога Мик Шумахер и Никита Мазепин ја тргнаа заштитната покривка од VF-21. Тоа е речиси истиот нивни болид од минатата година, предното крило е изменето да одговара на прописите за 2021 година, а новиот поклопец на моторот ќе биде готов за две недели, стартот на првата трка од сезоната.
Тимот постојано потенцираше дека 2021 сезоната за нив е само преодна, а сите свои ресурси ќе ги насочат кон развој на болидот за 2022 година. VF-21 нема да биде развиван во текот на сезоната, а сите надежи за напредок главно се поврзани со поголема моќност од погонските единици на Ферари.