Денес не само што беше претставен болидот во новите бои, туку и самиот тим, на кој му се придружи и четирикратниот Ф1 шампион, Себастијан Ветел. Лоренс Строл инсистира дека сега ова е фабрички тим на Астон Мартин, така што британскиот производител формално се враќа во Формула 1. Астон Мартин веќе учествуваше на шампионатите во 1959 и 1960 година, но учествуваше само на пет трки, без да забележи поени.
Презентацијата беше виртуелна, а новиот болид очекувано е обоен во традиционалната британска тркачка зелена боја, додуша некои велат дека не ја погодиле вистинската нијанса. Секако, AMR21, ќе биде лесно препознатлив на патеката.
Презентацијата започна со историски факти, движејќи се кон модерната ера на Астон Мартин. А АМ не би бил АМ доколку не е тука Џејмс Бонд, па така познатиот актер Даниел Крег го поздрави враќањето на Астон Мартин и го најави новиот филм за познатиот шпион кој ќе има премиера во Октомври месец.
Астон Мартин го спонзорираше Ред Бул во изминатите пет години, но партнерството заврши на крајот на 2020 година. Отмар Сафнауер, тимскиот шеф на Астон Мартин веќе постави цел за новата сезона, трето место во шампионатот на конструктори. Ќе видиме дали AMR21, зад чиј волан ќе бидат Себастијан Ветел и Ленс Строл, ќе ги исполни очекувањата на сите во тимот.
Отмар Сафнауер, тимски шеф: "Презентацијата на тимот Астон Мартин Когнизант ни дава на сите причина да бидеме горди. Навистина исконски бренд во автомобилската индустрија, воодушевени сме што можеме да го вратиме во врвниот моторспортот, таму каде што треба да биде."
"Тимот ја промени возачката постава, тимсми колега на Ленс Строл е Себастијан Ветел, од кого сите можеме да научиме многу. Тој многу брзо се интегрираше во тимот, што може да се очекува од толку искусен возач. Очигледно ми е дека Себастијан не ја изгубил брзината."
"Ние мора да создадеме пријатна средина за да може да постигне брилијантни резултати. Ленс е многу талентиран млад возач, што го докажаа двата подиуми минатата сезона и една Пол позиција на влажна патека. Оваа година очекуваме уште повеќе од него."
"Нашата цел за 2021 година е да ги надградиме минатогодишните успеси. Нема причина да не успееме во тоа, со оглед на талентот на нашите вработени и новите финансиски можности. Успехот не доаѓа преку ноќ, но убеден сум дека оваа и во годините што доаѓаат, ќе ги создадеме клучните елементи за искачување кон врвот."
Себастијан Ветел, #5: "И покрај фактот што во Формула 1 сум многу години и сменив четири тимови, почетокот на новата сезона во нов тим е сепак чувство на возбуда. Како возач, секогаш сум ги следел настапите на ривалите, и овој тим постојано ме импресионираше со релативно скромен буџет."
"Кога Лоренс Строл и Отмар Сафнауер ми кажаа за нивните амбиции минатата година, јас веднаш сакав да се приклучам на тимот. Јас сум страстен за историјата на трките, Астон Мартин е едно од најголемите имиња во минатото, одлично е да се биде дел од нивното враќање во Формула 1 по 61 година пауза."
"После посетата на базата и состанокот со водечките инженери, како и со моите инженери и механичари, сфатив колку е добар нашиот тим. Се чувствувам самоуверено. Со поддршка на Лоренс, ќе напредуваме со Астон Мартин."
"Сè уште не сум го возел овој болид, но изгледа одлично. Со нетрпение очекувам да излезам на патеката, да ги испробам неговите можности, да го запознам подобро тимот, вклучувајќи го и мојот тимски колега Ленс Строл. Нема сомнение дека ќе вложиме максимални напори да постигнеме добри резултати и да уживаме во тоа."
Ленс Строл, 18: "Сега е многу возбудлив период, презентации на тимови, болиди, сè почнува да станува реално, особено е интересно што сега станавме тим на Астон Мартин. Новото име ги инспирира сите. Почувствував позитивна реакција од фановите на социјалните мрежи. Тие веруваат во нас, нè поддржуваат, јас сум горд сум што го претставувам овој легендарен бренд кој се враќа во Формула 1."
"Се враќам освежен по зимската пауза. Ме очекува третата сезона во овој одличен тим, а на секој возач му треба стабилност. Се чувствувам како дома, имам одлични односи со сите во тимот. Сето ова е важно кога се обидувате да пронајдете делови од секундата. Треба добро да го познавате тимот за да разберете како можете да придонесете повеќе."
"Имаме неколку тест дена и напорна сезона, но завршивме одлична работа на симулаторот, што треба да помогне. Имаме големи очекувања за претстојната сезона од повеќе причини, вклучувајќи го и името на тимот. Верувам дека во 2021 година ќе имаме шанса да постигнеме големи резултати. Добро ја завршивме 2020 година и сигурен сум дека ќе продолжиме да се претставиме добро оваа година."
ФИЛМСКИ ДЕН НА СИЛВЕРСТОУН