Договорот на Пирели како официјален снабдувач на гуми за Формула 1 тимовите истекува во 2023 година, но со оглед на исклучителните околности од минатата сезона, ФИА го продолжи до крајот на 2024 година.
Стефано Доменикали, извршен директор на Формула 1: "Горди сме што работиме со Пирели и им благодариме за конструктивниот пристап кон продолжувањето на договорот. Пирели ја разбира улогата на гумите во стратегијата на Формула 1, знаеме дека вложуваат многу напор за да осигурат дека нивните гуми одржуваат подобра рамнотежа помеѓу брзината и издржливоста во новиот технички контекст."
"Со нетрпение го очекуваме почетокот на оваа сезона, како и времето кога 18-инчни гуми и нови болиди, констуирани во согласност со прописите што стапуваат на сила во 2022 година, за прв пат ќе излезат на патеките."
Жан Тод, претседател на ФИА: "Сакам да им се заблагодарам на Формула 1 и Пирели за нивната соработка, флексибилност и посветеност на нашиот спорт во еден ваков тежок период. Пандемијата создаде сериозни проблеми во сите аспекти на бизнисот, но благодарение на паметниот пристап и прагматичната тимска работа, успеавме да одржиме силна и стабилна Формула 1."
"Откако ќе се премине на 18" гуми, болидите во Формула 1 ќе изгледаат поинтересно, но ова е сложена техничка задача за која се потребни огромни инвестиции и дополнителна работа од Пирели. Во врска со овие барања и присилното одложување на преминот кон новата регулатива поради коронавирусот, беше логично да се продолжи договорот за набавка на гуми."
ПИРЕЛИ ГО ПРОДОЛЖИ ДОГОВОРОТ СО ФОРМУЛА 1
3/07/2021 11:52:00 AM
0
Share to other apps