Ф1 тимовите се веќе пристигнати во Бахреин, каде на патеката Сахир ќе се одржи првата и единствена пред сезонска тест сесија за оваа година. Во последниве години, традиционална локација за зимските тестови беше патеката Каталуња, но овој пат тие ќе се одржат во Бахреин, кој последен беше домаќин во 2014 година.
Ова значи дека на тимовите и возачите не им е потребна топла облека, што обично се случуваше во овој период од годината за време на тестовите во Каталонија. Во Бахреин климата е сосема поинаква. Температурите се прилично летни, а времето е попредвидливо, затоа, додека работите на патеката, можете да добиете порепрезентативни информации за однесувањето на болидите и гумите.

Тест сесијата, треба да ни даде првична слика за распоредот на силите помеѓу тимовите. Најдобрите од нив, вообичаено, не ги откриваат сите карти, тие не работат во квалификациски режим со минимална количина на гориво во резервоарите и не ја вклучуваат целосната моќност на погонските единици.
Оваа тест сесија првично беше закажана за 2-4 март за Барселона, но, пандемијата со коронавирусот ја одложи за 12 до 14 март, точно две недели пред првата трка на 2021 шампионатот. Бахреин беше избран и поради логистиката, бидејќи целата опрема што тимовите ќе ја користат за тестовите ќе остане на патеката Сакир до првиот тркачки викенд.
Она на што треба да се внимава се времињата при долгите стинтови кои може да бидат добар индикатор за вистинската состојба на нештата. За секој тим на овие тестови многу е важно секој круг да се користи со максимална ефикасност и да се комплетираат што е можно повеќе од нив без поголеми проблеми. Едно нешто што не може да се скрие, а тоа е издржливоста на ПЕ, ако некој има многу проблеми, така ќе биде и во текот на целата сезона.
Обично, прва сесија се користи да се проверат сите системи на болидите и да се работи на балансот на шасијата. Возачите ќе сакаат што подобро да ги разберат карактеристиките на новите болиди и неговата корелација со гумите на Пирели, кои станаа значајна компонента за успешни резултати. И да го имате најбрзиот болид на гридот, ако не ги разберете гумите, нема да имате резултати.
Резултатите се секогаш релативни, но тимовите внимателно ќе се следат еден со друг. Како и секогаш, никој нема да знае кој има колку гориво во резервоарите и какви модови на ПЕ се користат, но, денес инженерите се опремени со многу алатки за работа и прибирање на информации, што најверојатно ќе им овозможи да го проценат соодносот на силите на гридот. Дали тоа ќе го споделат со јавноста е друго прашање.
Оваа година, имаме само три тест дена, додека во 2020 година имаше шест такви денови, а во 2019 година, осум. Тоа значи дека тимовите мора да работат што е можно поефикасно и што е многу поважно да соберат квалитетни информации. Покрај тоа, првата трка во 2021 сезоната ќе се одржи на истата патека, и сè што ќе научат од тестовите ќе им биде корисно веднаш.
Тестовите се важни и за возачите кои ги променија тимовите, тие ќе треба што побрзо да се прилагодат на своите нови болиди, а во исто време, подобро ќе го запознаваат тимот и сите оперативни процедури. Сепак, за да добиеме јасна претстава за рамнотежата на силите, ќе мора да почекаме на првата трка.
*Распоредот на возачи може да биде променет во секое време од страна на тимовите во согласност со исполнувањето на тест програмите или пак временските прилики.
Работниот ден ќе започнува во 10:00(08:00 MK) и ќе трае до 19:00(17:00MK) часот со едночасовна пауза за ручек од 14:00-15:00(12:00-13:00 MK). Поради намалениот број тест денови, повеќето од тимовите ќе ги искористат паузите за ручек за ресетирање на болидите за промена на своите возачи.
Пред почетокот на тест сесијата, тимот на Хас официјално ќе го презентира својот 2021 болид, VF-21. Комплетните извештаи и галерии од сите тимови ги имате на следниот линк: ПРЕЗЕНТАЦИИ.

РАСПОРЕД НА ВОЗАЧИ ЗА БАХРЕИН ТЕСТ СЕСИЈА | |||
ТИМ | ПЕТОК, 12/3/2021 | САБОТА, 13/3/2020 | НЕДЕЛА, 14/3/2021 |
Мерцедес АМГ | Ботас/Хамилтон | Хамилтон/Ботас | Ботас/Хамилтон |
Ферари | Леклерк/Саинц Јр. | Саинц Јр./Леклерк | Леклерк/Саинц Јр. |
Ред Бул | Макс Ферстапен | Серџо Перез | Перез/Ферстапен |
Мекларен | Рикиардо/Норис | Рикиардо/Норис | Норис/Рикиардо |
Алпин | Естебан Окон | Фернандо Алонсо | Окон/Алонсо |
АлфаТаури | Гасли/Цунода | Цунода/Гасли | Гасли/Цунода |
Астон Мартин | Ветел/Строл | Ветел/Строл | Строл/Ветел |
Алфа Ромео | Раиконен/Џовинаци | Антонио Џовинаци | Кими Раиконен |
Хас | Шумахер/Мазепин | Мазепин/Шумахер | Шумахер/Мазепин |
Вилијамс | Рој Нисани | Николас Латифи | Џорџ Расел |
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |