Ред Бул инсистира на тоа дека ФИА е целосно задоволна од дизајнот на нивниот 2021 болид, и покрај сугестиите на Луис Хамилтон дека можеби користат задно крило кое се витка под дејство на потисната сила за зголемување на нивната максимална брзина на правците.
Од Мерцедес АМГ веднаш штом некој се приближи до нивните перформанси обвинуваат за нелегалност, дали е затоа што тие користат нешто недозволено, па така знаат дека болид според прописите не може да биде побрз од нив?!?
Друга варијанта е дека се истренирани до максимум во психолошкото војување?!? Во таа битка го вклучија и Хамилтон, кој овие обвинувања јавно ги изнесол ден пред Шпанското Гран При. Во интервју за Скај Ф1 во саботата вечерта, тој вели:
"Ред Бул се навистина брзи на правците. Тие имаат задно крило кое се витка, кое го ставија на болидот денес и добија најмалку три десетинки со тоа. Значи, тие ќе бидат побрзи на правците од нас и ќе биде тешко да се задржат зад себе. Но, тоа не значи дека ќе биде невозможно."
Ред Бул на петочните тренинг сесии на Каталуња користел варијанта на задното крило кое создава поголема потисна сила, како тест за следната трка во Монако. Од саботата се префрлија на задно крило со конфигурација за помала потисна сила, какво што користеа на воведните трки во сезоната.
Кристијан Хорнер, тимскиот шеф на Ред Бул, откри дека приватно со Тото Волф разговарале за дизајнот на задното крило, но бил јасен дека ФИА е задоволна и дека се е во рамки на правилата и прописите.
"Ги видов коментарите на Луис за нашето свитливо задно крило. Болидите темелно се разгледуваат и има различни видови на тестови за издржливост и свитливост на крилата кои што треба да се поминат. ФИА е целосно задоволна од нашиот болид, кој што ги има поминато сите тестови, кои се прилично строги."
"Затоа, се изненадив кога ги видов неговите коментари за тоа. Но, тоа е нешто што Тото ми го спомна претходно. Се сомневам дека тоа беше мислење на Луис, па веројатно дојде од друго место."
Тото Волф запрашан за оваа ситуација изјавил: "Да, разговаравме за тоа. Нo... сите... Не, нема да коментирам. Извинете."
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.



