Роман Грожан ќе седне зад воланот на Ф1 болид за прв пат по неговата драматична несреќа на Големата Награда на Бахреин во 2020 година, кога следниот месец ќе го вози шампионскиот W10 на патеката Пол Рикард.
Извлекувањето на Роман од запалениот болид на Хас го привлече вниманието на светската јавност во ноември 2020 година, кога 35-годишникот имаше среќа да помине само со изгореници на рацете.
Тој посакуваше да ја заврши сезоната, но докторите, но пред се изгорениците не дозволија да настапи на последните две трки во неговата по се изгледа последна сезона во Формула 1.
По неговата несреќа, Тото Волф се обврза дека на Фрахнцузинот ќе му обезбеди тест со болидот на Мерцедес АМГ, и дека неговата несреќа нема да биде неговиот последен чин во Ф1. Седум месеци по несреќата, ветувањето започнува да се реализира во пракса.
Грожан веќе бил во базата на Мерцедес АМГ, каде што покрај земање мерки за негово седиште, поминал одредено време на симулаторот на тимот во рамките на подготовките за специјално организиран тест на домашната патека на Французинот на 29 јуни. Тој исто така ќе учествува во серија демо-кругови пред Големата Награда на Франција во недела на 27 јуни.
Оваа сезона, Роман се натпреварува во Индикар шампионатот. Мерцедес АМГ, W10 EQ Power+, кој тој ќе го вози во Франција забележа 15 Победи, 10 Пол позиции и постави девет најбрзи круга во текот на 2019 Ф1 сезоната.
Роман Грожан: "Јас сум многу радосен што повторно ќе возам Ф1 болид! Тоа ќе биде посебна можност за мене и ќе биде уникатно искуство да го возам шампионскиот Мерцедес. Јас сум многу благодарен на Мерцедес АМГ и на Тото за можноста."
"Прв пат кога слушнав за оваа можност, да возам болид на мерцедес, беше во мојот болнички кревет во Бахреин кога Тото зборуваше пред медиумите и ја упати поканата. Читајќи ги тие вести многу се израдував!"
"Формула 1 немаше шанса да настапи во Франција во текот на 2020 година, затоа возењето на Мерцедес болидот на 2021 Големата Награда на Франција и потоа тест на патеката Пол Рикар, мојата домашна патека, ќе биде толку посебен настан. Едвај чекам да дојде тој ден."
РОМАН ГРОЖАН ЌЕ ГО ТЕСТИРА ШАМПИОНСКИОТ БОЛИД НА МЕРЦЕДЕС АМГ
5/05/2021 11:30:00 AM
0
Share to other apps



