Изјави од победниците и губитниците на квалификациската сесија на патеката Каталуња, Шпанија.
ПОБЕДНИЦИ
Луис Хамилтон, П1: "Заостанував во почетниот дел од квалификациите и правев мали измени за да најдам темпо. Едноставно не можам да верувам дека стигнавме до 100, тоа се должи на жените и мажите во фабриката, кои постојано ја креваат границата и никогаш не се откажуваат. Сон е да се работи со нив, какво патување!"
"Кој би помислил кога започнувавме заедно на крајот на 2012 година дека ќе славиме 100 Пол позиции!? Се чувствувам толку скромно и многу благодарно за целата нивна работа. Се чувствувам исто како кога ја освоив својата деби пол позиција! Секогаш ќе остане во моето сеќавање."
Чарлс Леклер, П4: "Имавме добри квалификации и јас сум многу задоволен од резултатот. Гледајќи ја разликата меѓу нас и топ 3 пласманот, П4 е солиден резултат.
Мојот Q2 круг беше одличен и тоа е добро за гумите што ќе ги користам за старт."
"Јас сум многу сконцентриран на ова, затоа што утре ќе биде важно да се стартува со мала деградација. Како тим, започнуваме од П4 и П6, што е позитивно."
"Нашето тркачко темпо беше конкурентно и ако менаџираме со нашите гуми на ист начин како и вчера, тоа треба да изгледа добро."
"Нашата цел е да донесеме што е можно повеќе бодови. Генерално, досега имаме добар викенд и се надевам дека ќе го завршиме на високо ниво."
Естебан Окон, П4: "Денес се чувствувам многу добро и јас сум задоволен од пласманот на денешните квалификации. Мислам дека ова е потврдата што ја баравме, бидејќи ја повторивме брзината што ја имавме во Портимао, што е добро."
"Викендот болидот беше одличен и се чувствувам многу добро зад воланот. Тимот работи напорно, се пронаоѓаат подобрувања и нивната напорна работа се исплати. Утре ќе имаме тешка трка и стратегијата ќе биде интересна."
ГУБИТНИЦИ
Серџо Перез , П8: "Имав тешки квалификации, и воопшто лош ден. Не комплетирав нити еден добар круг во текот на денешниот ден и не се чувствував 100% фит поради болка во рамото, па добро е што поминав во Q3, што покажува колку добар болид имаме."
"Во однос на темпото, имаме многу добар тркачки болид, затоа е штета што почнуваме од 8-тата позиција, бидејќи Каталуња е тешко место за престигнување, но убеден сум дека ќе можеме да се бориме за многу добар резултат. Утре е нова можност, се надеваме дека можеме да ја минимизираме штетата и да напредувам низ поредокот."
"Ќе бидам агресивен колку што треба, за да ги достигнам лидерите што е можно порано. Генерално, ова не беше најдобриот викенд од моја страна, но гледајќи ги претходните трки оваа година, можете да видите дека работите си доаѓаат на свое место и јас се подобро го запознавам болидот, што е клучно за мене."
Макс Ферстапен, П2: "Од моја страна беа добри квалификации. Задоволен сум од мојот круг и чувствувам дека го извадив максимум од болидот. Бевме многу блиску, но не беше доволно и понекогаш мора да го прифатите тоа."
"Се чини дека Мерцедес АМГ е малку пред нас во текот на еден круг, но ние сме на првиот ред, особено во споредба со минатата година, па можеме да бидеме многу задоволни."
"Знаеме дека стартот е многу важен и може да влијае на резултатот на трката, па секако дека сме фокусирани на него, нe сакаме проблеми, затоа што потоа не очекува долга трка. Секако ќе го дадеме максимумот, дали тоа е доволно за да ги победиме, не знам, но ќе притискаме до самиот крај."
Валтери Ботас, П3: "Бевме блиску! Чувствував дека сум во борба за Пол позицијата, но изгубив десетинка низ 10-от свиок, и тоа се тие минимални разлики за оваа година. Имаме силен пакет и без сомнение утре ќе се бориме за победата."
"Тоа ќе биде уште една блиска битка меѓу нас и Ред Бул. Ако успееме добро да ги менаџираме гумите, ќе бидеме конкурентни. Вечерва ќе разгледаме многу варијанти, за да можеме да ја избереме најдобрата стратегија."
ПОБЕДНИЦИ И ГУБИТНИЦИ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ВО КАТАЛУЊА
5/08/2021 09:14:00 PM
0
Share to other apps







