На овој свиок имаше само едно претекнување во трката во 2020 година, но со брзина на поминување од околу 100км/ч што се очекува годинава, малку е веројатно дека ќе понуди можности за претекнување.
Патеката Каталуња ги тестира сите аспекти на Формула 1 болидот. Од брзиот прв сектор до тесниот и технички финален сектор, патеката е мешавина од карактеристиките на Силверстоун и Хунгароринг во уникатен предизвик.
Големата Награда на Шпанија која се состои од 66 круга најверојатно ќе биде со два пит-стопа, особено ако е топло како што беше случај на квалификациите. Ова се должи на релативно високото ниво на абење и деградација на гумите што се гледа на патеката во Барселона, со абразивниот асфалт и високоенергетските свиоци.
Друга причина е фактот што не се губи толку многу време низ боксевите, што ја прави стратегијата со две застанувања за промена на гумите многу поизводлива, како и фактот дека белите гуми се значително побавни.
Претекнувањето во Барселона може да биде незгодно, една од причините зошто квалификациите се толку важни, па затоа стратегијата пред се треба да даде приоритет на позицијата на патеката. Како и обично, на точната стратегија ќе влијаат и температурите на патеката, кои веројатно ќе бидат слични на оние што ги имавме за квалификациите.
Луис Хамилтон ја забележа неговата 100-та Пол позиција, користејќи ги црвените гуми на Пирели за да го постави најбрзото време од викендот. Мерцедес АМГ беше единствениот тим кој излезе на патеката со жолти гуми во Q1 сесијата. Сите возачи ги користеа црените гуми во Q2, со исклучок на Антонио Џовинаци од Алфа Ромео, кој ја започна сесијата на жолтите.
Тоа значи дека сите топ 10 на гридот ќе стартуваат на црвените гуми, најмеката смеша на Пирели, додека од П11-20 имаат слободен избор на гуми како и обично. Температурата на патеката за време на квалификациите достигна 42 степени, прогноза која се очекува и за денешниот ден.
Марио Изола, Пирели: "Честитки за Луис Хамилтон за 100-та Пол позиција, што е јубилејно достигнување. За разлика од Португалија, не видовме голема употреба на жолтите гуми во Q2, што значи дека најбрзите 10 возачи ќе стартуваат на црвените гуми."
"Ова укажува на тоа дека најмеката смеша ќе биде клучен дел од стратегијата на трката, а многу возачи ќе имаат стратегија на два спринт стинтови на црвените гуми. Стратегија со едно застанување не е невозможна, но клучно ќе биде добро менаџирање со пневматиците."
"Само некои од возачите имаат на располагање два сета на жолти гуми, нови или користени. Ако другите возачи, без два комплети на жолти гуми, сакаат да се фокусираат на стратегија со две застанувања, тие треба да користат еден сет на жолти и два сета на црвени гуми."
"Алтернативно, тие можат да се решат за едно застанување во бокс, користејќи ги белите гуми."
| 2021 ГОЛЕМА НАГРАДА НА ШПАНИЈА СТАРТЕН РЕДОСЛЕД |
|
| 1. ЛУИС ХАМИЛТОН - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 2. МАКС ФЕРСТАПЕН - РЕД БУЛ | |
| 3. ВАЛТЕРИ БОТАС - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 4. ЧАРЛС ЛЕКЛЕР - ФЕРАРИ | |
| 5. ЕСТЕБАН ОКОН - АЛПИН | |
| 6. КАРЛОС САИНЦ ЈР. - ФЕРАРИ | |
| 7. ДАНИЕЛ РИКИАРДО - МЕКЛАРЕН | |
| 8. СЕРЏО ПЕРЕЗ - РЕД БУЛ | |
| 9. ЛАНДО НОРИС - МЕКЛАРЕН | |
| 10. ФЕРНАНДО АЛОНСО - АЛПИН | |
| 11. ЛЕНС СТРОЛ - АСТОН МАРТИН | |
| 12. ПЈЕР ГАСЛИ - АЛФАТАУРИ | |
| 13. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ - АСТОН МАРТИН | |
| 14. АНТОНИО ЏОВИНАЦИ - АЛФА РОМЕО | |
| 15. ЏОРЏ РАСЕЛ - ВИЛИЈАМС | |
| 16. ЈУКИ ЦУНОДА - АЛФАТАУРИ | |
| 17. КИМИ РАИКОНЕН - АЛФА РОМЕО | |
| 18. МИК ШУМАХЕР - ХАС | |
| 19. НИКОЛАС ЛАТИФИ - ВИЛИЈАМС | |
| 20. НИКИТА МАЗЕПИН - ХАС | |
| @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|





