Многу делови од патеката добија нов асфалт, што во комбинација со високиот притисок во гумите, доведе до недостаток на грип и многу извртувања/излетувања. Веќе на почетокот на тренингот, Мик Шумахер излета од патеката и ја допре бариерата. Неколку минути подоцна се појавија жолти знамиња поради извртувњето на Јуки Цунода.
Во 15-та минута, Себастијан Ветел имаше контакт со бариерите по излетувањето во 11-от свиок. Извртување имаше и за Карлос Саинц Јр., а Макс Ферстапен и Валтери Ботас ги оштетија болидите поминувајќи над жолтите рабници покрај вториот свиок, поставени за да ги оневозможат возачите да излегуваат премногу надвор од границите на патеката.
Од тимот на Мерцедес АМГ јавно се пожалија до Мајкл Меси, директорот на трката, дека тие предизвикуваат многу штета за метар надвор од границите на патеката. Во текот на вториот тренинг истото го направија и од тимот на Ред Бул, па останува да видиме дали од ФИА ќе реагираат на овие поплаки.
Во Вилијамс, Рој Нисани привремено го замени Џорџ Расел на првиот тренинг, додека останатите тимови ги имаа главните возачи. Валтери Ботас го имаше најбрзиот круг, пред Хамилтон и возачите на Ред Бул. Но, секогаш поважниот дел е попладневниот тренинг кој се одржува во време на квалификациите и трката.
| 2021 ГН ФРАНЦИЈА - ТРЕНИНГ 1 | |||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:33.448 | 24 | |
| 2 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:33.783 | + 0.335 | 21 |
| 3 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:33.880 | + 0.432 | 23 |
| 4 | Серџо Перез | Ред Бул | 1:34.193 | + 0.745 | 25 |
| 5 | Естебан Окон | Алпин | 1:34.329 | + 0.881 | 25 |
| 6 | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:34.644 | + 1.196 | 24 |
| 7 | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:34.693 | + 1.245 | 21 |
| 8 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:34.699 | + 1.251 | 20 |
| 9 | Ландо Норис | Мекларен | 1:34.707 | + 1.259 | 21 |
| 10 | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:34.847 | + 1.399 | 22 |
| 11 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:34.950 | + 1.502 | 24 |
| 12 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:35.116 | + 1.668 | 23 |
| 13 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:35.135 | + 1.687 | 20 |
| 14 | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:35.275 | + 1.827 | 23 |
| 15 | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 1:35.289 | + 1.841 | 16 |
| 16 | Карлос Саинц ЈР. | Ферари | 1:35.342 | + 1.894 | 24 |
| 17 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:35.612 | + 2.164 | 22 |
| 18 | Никита Мазепин | Хас | 1:36.651 | + 3.203 | 24 |
| 19 | Мик Шумахер | Хас | 1:37.329 | + 3.881 | 14 |
| 20 | Рој Нисани | Вилијамс | 1:37.881 | + 4.433 | 16 |
ИСТОРИЈА - ХИБРИДНА ЕРА - ПОЛ РИКАР
2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:12.198
2019 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:32.738 2021 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:33.448 |
|||||
| @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
|||||
Интересно е тоа што од овој викенд, тој ја има шасијата на својот тимски колега, со која Финецот настапуваше на првите трки од сезоната. Значи, во Мерцедес АМГ нема нови шасии за возачите, туку планирана, стандардна замена помеѓу возачите.
Алпин се покажа во добро светло, со обајцата возачи во топ 10 пласман, што е одлично во пресрет на нивната домашна трка. Времето ќе покаже дали ова беа кругови со многу малку гориво и максимална моќност, колку да се во центарот на внимание. Како и да е, поредокот по првите два најбрзи тимови е многу близок како и секогаш. Тука некаде беше и Чарлс Леклер со Ферари и константниот Пјер Гасли со болидот на АлфаТаури.
Мекларен стандардно во средниот ред, кои малку назадуваа за време на вториот тренинг, но веќе знаеме дека во сабота драстично се подобруваат. Одлична вест за тимот е што Даниел Рикиардо не заостанува премногу во однос на својот тимски колега.
Топлото време и ветерот имаа значително влијание врз работата на болидите, а гумите на Пирели изгледа дека повторно ќе ја играат својата улога, со тоа што некои тимови се борат да останат повеќе круга на црвените гуми, а други изгледаат многу посилни на жолтите. Изборот на гуми за Q2 ќе има значително вијание за неделната трка.
Како што веќе напоменавме во повеќе наврати, одредување на тркачкото темпо е многу потешко со намалувањето на времетраењето на тренинг сесиите, па со голема резерва може да ги разгледаме просечните постугнувања на тимовте.
Жолтите гуми ќе бидат примарна цел на повечето тимови, а на нив најбрзи е Мерцедес АМГ со 37.4, следува Ред Бул со 37.8, Алпин 39, Астон Мартин 39.4.
На црвените гуми имавме многу кратки стинтови Мерцедес АМГ 38.1, Ферари 38.8, Мекларен 39.6. Бели гуми Ферари 38.5, Алпин 38.6. Тимовите што не се споменати немаа забележано репрезентативни стинтови.
| 2021 ГН ФРАНЦИЈА - ТРЕНИНГ 2 | |||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:32.872 | 34 | |
| 2 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:32.880 | + 0.008 | 25 |
| 3 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:33.125 | + 0.253 | 31 |
| 4 | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:33.340 | + 0.468 | 32 |
| 5 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:33.550 | + 0.678 | 31 |
| 6 | Естебан Окон | Алпин | 1:33.685 | + 0.815 | 29 |
| 7 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:33.696 | + 0.824 | 27 |
| 8 | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:33.698 | + 0.826 | 29 |
| 9 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:33.786 | + 0.914 | 34 |
| 10 | Ландо Норис | Мекларен | 1:33.822 | + 0.950 | 30 |
| 11 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:33.831 | + 0.959 | 34 |
| 12 | Серџо Перез | Ред Бул | 1:33.921 | + 1.049 | 34 |
| 13 | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:33.955 | + 1.083 | 35 |
| 14 | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:34.079 | + 1.207 | 32 |
| 15 | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 1:34.447 | + 1.575 | 37 |
| 16 | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:34.632 | + 1.760 | 30 |
| 17 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:35.267 | + 2.394 | 27 |
| 18 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:35.331 | + 2.459 | 32 |
| 19 | Мик Шумахер | Хас | 1:35.512 | + 2.640 | 33 |
| 20 | Никита Мазепин | Хас | 1:35.551 | + 2.679 | 32 |
ИСТОРИЈА - ХИБРИДНА ЕРА - ПОЛ РИКАРД
2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:32.539
2019 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:30.937 2021 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:32.872 |
|||||
| @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
|||||






