Кога сме кај тимот на Ферари, со нивните изјави се обидуваа да не убедат дека нема да бидат напред како што тоа беше случај во Монако, но по денешните сесии нивните возачи изгледаа многу силно. Дали ќе може да се вмешаат во борбата за Пол позицијата ќе покаже утрешниот ден.
Мерцедес АМГ е тимот со најмногу проблеми, а нивната форма е голема непознаница. Луис Хамилтон со време доволно за 11-тото место на табелата, а неговиот тимски колега со 16-тото најбрзо време.
Британецот се пожали на својот инженер дека не знае како да го подобри времето, бидејќи веќе го извадил максимумот од болидот. Сепак ова беа само тренинг сесии, на кои беше лесно да "заглавиш" во сообраќајот.
Утрината возачите беа повнимателни, но кога на втората сесија го зголемија темпото, имаше забележително повеќе грешки отколку на првиот тренинг. Ботас, Норис, Гасли, Ветел и Цунода сите имаа свои моменти во безбедносните зони.
Николас Латифи исто така заврши надвор од патеката, успеа да се врати назад, но по неколку метри неговиот болид застана на патекаѕа и мораше да биде евакуиран. Сесијата беше стопирана, и продолжи по седум минутна пауза.
Во 28-та минута, Леклер ги блокираше предните тркала на сопирање за влез во 15-от свиок и заврши во барерите покрај патеката, оштетувајќи го предното крило. Моначанецот полека се врати во својата гаража, оставајќи го предното крило на асфалтот, по што следуваше периот на ВБВ за да се расчистат остатоците од карбон.
Една од главните теми на разговор во тимовите ќе бидат перформансите на гумите на Пирели, при што високите температури на патеката предизвикуваат многу поголемо ниво на деградација отколку што беше видено овде претходно.
Тоа би можело да значи трка со две застанувања во бокс. За оваа година од Пирели во Баку се решија ди ги донесат трите најмеки смеши во нивниот опсег, за разлика од еден чекор потврдите смеши кои ги имавме за трката во 2019 година.
Во меѓувреме Би-Би-Си Спорт објави дека ГН Сингапур е откажана. Раководството на Формула 1 и локалните власти одлучиле дека одржување на трката не е можно поради ограничувања за влез. Трката во Сингапур беше закажана за 3 Октомври. Турција, Кина и втора трка во Остин (САД) се разгледуваат како замени.
Малку е веројатно дека ова ќе биде последната промена на 2021 календарот. Бразил и ОАЕ сè уште се на црвената листа на Велика Британија. Јапонија неизвесна. Мексико исто така. Австралија исто така има многу строги ограничувања за влез.
| 2021 АЗЕРБЕЈЏАН ГП - ТРЕНИНГ 2 | |||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Серџо Перез | Ред Бул | 1:42.115 | 22 | |
| 2 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:42.216 | + 0.101 | 23 |
| 3 | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:42.243 | + 0.128 | 24 |
| 4 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:42.436 | + 0.321 | 22 |
| 5 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:42.534 | + 0.419 | 26 |
| 6 | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:42.693 | + 0.578 | 24 |
| 7 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:42.941 | + 0.826 | 25 |
| 8 | Ландо Норис | Мекларен | 1:43.018 | + 0.903 | 24 |
| 9 | Естебан Окон | Алпин | 1:43.020 | + 0.905 | 23 |
| 10 | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:43.130 | + 1.015 | 25 |
| 11 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:43.156 | + 1.041 | 24 |
| 12 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:43.220 | + 1.105 | 23 |
| 13 | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:43.298 | + 1.183 | 23 |
| 14 | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:43.812 | + 1.697 | 21 |
| 15 | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 1:43.881 | + 1.767 | 22 |
| 16 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:44.184 | + 2.069 | 23 |
| 17 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:44.557 | + 2.442 | 24 |
| 18 | Никита Мазепин | Хас | 1:45.563 | + 3.448 | 23 |
| 19 | Мик Шумахер | Хас | 1:46.095 | + 3.980 | 12 |
| 20 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:46.983 | + 4.868 | 5 |
ИСТОРИЈА - ХИБРИДНА ЕРА - БАКУ
2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:44.223
2017 Макс Верстапен - Ред Бул - 1:43.362 2018 Даниел Рикиардо - Ред Бул - 1:42.795 2019 Чарлс Леклер - Ферари - 1:42.872 2021 Серџо Перез - Ред Бул - 1:42.115 | |||||
| @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia | |||||
| ТРКАЧКО ТЕМПО |
||
| П. | ВОЗАЧ | ЖОЛТИ |
| 1 | Луис Хамилтон | 1:47.187 |
| 2 | Даниел Рикиардо | 1:47.888 |
| 3 | Чарлс Леклер | 1:48.716 |
| 4 | Естебан Окон | 1:48.858 |
| П. | ВОЗАЧ | ЦРВЕНИ |
| 1 | Макс Ферстапен | 1:46.838 |
| 2 | Серџо Перез | 1:46.907 |
| 3 | Фернандо Алонсо | 1:47.972 |
| 4 | Ландо Норис | 1:47.979 |
| 5 | Ленс Строл | 1:48.175 |
| П. | ВОЗАЧ | БЕЛИ |
| 1 | Себастијан Ветел | 1:48.080 |
| @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia | ||





