Валтери Ботас го забележа второто најбрзо време, обезбедувајќи го 80-от прв стартен ред за Мерцедес АМГ, изеднувајќи се со тимот на Ферари. Макс Ферстапен и Серџо Перез ќе стартуваат од вториот ред, Пјер Гасли и Ландо Норис од третиот.
Унгарското Гран При скоро секогаш се одржува во топло време, но кога во вториот петочен тренинг температурата на асфалтот надмина 60 степени и продолжи да расте, многумина рекоа дека никогаш не работеле во такви услови. И за време на квалификациите, температурата беше исто така висока.
Квалификациите се клучната сесија викендов на Хунгароринг, патека на која е тешко да се претекне, скоро и да нема стратегиски опции, секој тим ќе се обиде да ја вози трката со еден пит-стоп.
Мик Шумахер го оштети болидот на крајот од саботниот тренинг, а неговите механичари немаа време да го поправат болидот до почетокот на квалификациите, па Германецот не учествуваше на нив.
Во Унгарија, важно е да се постигне добар грип, но на жешкиот асфалт гумите се лизгаа и брзо се трошеа. Разликата помеѓу жолтите и црвените гуми се покажа поголема од очекуваното, што го отежнува стигнувањето до финалната Q3 сесија со жолтите гуми. Тоа единствено им успеа на возачите на Мерцедес АМГ.
Во Q1 сите излегоа на црвените гуми, а по првите брзи круга Ферстапен го имаше најбрзиот круг, две десетинки побрзо од Хамилтон со второто најбрзо време.
Повеќето од возачите, особено тие во Топ 10 пласман не излегоа на патеката за втор обид, но тоа не беше опција за тие што не влегоа во тој пласман. Возачите на Мерцедес АМГ имаа уште едно излегување со употребувани гуми, иако нивниот понатамошен пласман не беше доведен во прашање. Цунода, по прв пат Расел, Латифи, Мазепин и Шумахер отпаднаа од понатамошната борба.
Во Q2 сесијата, возачите на Мерцедес АМГ и Ред Бул го направија својот прв обид на жолтите гуми, а останатите на црвените. Хамилтон го имаше најбрзото време. На нешто повеќе од шест и пол минути пред крајот на сесијата, се појавија црвени знамиња.
Карлос Саинц Јр., поради налет на ветер на влезот во последниот свиок, изгуби контрола врз болидот на Ферари и заврши во бариерите покрај патеката. Шпанецот се обиде да се врати во боксот, возеше неколку метри, но беше принуден да застане.
Саинц Јр. самостојно излезе до болидот, но беше испратен на превентивен преглед во медицинскиот центар, по активирање на сензорот за преоптоварување. Осум минути подоцна, возачите успеаја да ја продолжат борбата.
Во вториот обид, Валтери Ботас повторно се обиде на жолтите гуми, тој беше седми и неговото време беше под закана, а остатокот се префрли на црвените гуми. Финецот надоплни колку што беше потребно за да не испадне, а Макс Ферстапен го имаше најбрзото време на црвените гуми.
Со тоа Холанѓанецот ќе ја стартува трката на црвените гуми, кои му носат одрдена предност пред возачите на Мерцедес АМГ во бркотницата до првиот свиок. Од понатамошната борба испаднаа, Даниел Рикиардо, Ленс Строл, Кими Раиконен, Антонио Џовинаци и Карлос Саинц Јр..
Во финалниот сегмент битката се одвиваше на црвените гуми. Во првиот обид, Хамилтон беше на провизорната пол позиција. Себастијан Ветел го пропушти првиот обид, а на патеката излезе кога останатите се вратија во боксевите.
Во вторите брзи круга, Макс Ферстапен успеа да се подобри, но недоволно за нешто повеќе од третата позиција. Серџо Перез беше жртва на бавниот Хамилтон и не успеа да стигне на време да го започне вториот брз круг.
| 2021 УНГАРСКО ГП - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
| 1. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:15.419 | |
| 2. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:15.734 | + 0.315 |
| 3. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:15.840 | + 0.421 |
| 4. | Серџо Перез | Ред Бул | 1:16.421 | + 1.002 |
| 5. | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:16.483 | + 1.064 |
| 6. | Ландо Норис | Мекларен | 1:16.489 | + 1.070 |
| 7. | Чарлс Леклер | Ферари | 1:16.496 | + 1.077 |
| 8. | Естебан Окон | Алпин | 1:16.653 | + 1.234 |
| 9. | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:16.715 | + 1.296 |
| 10. | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 1:16.750 | + 1.331 |
| Q2 Најбрзо Време: Макс Ферстапен - 1:15.650 | ||||
| 11. | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:16.871 | + 1.221 |
| 12. | Ленс Строл | Астон Мартин |
1:16.893 | + 1.243 |
| 13. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:17.564 | + 1.914 |
| 14. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:17.583 | + 1.933 |
| 15. | Карлос Саинц ЈР. | Ферари | / | / |
| Q1 Најбрзо Време: Макс Ферстапен - 1:16.214 | ||||
| 16. | Јуки Цунода |
АлфаТаури | 1:17.919 | + 1.705 |
| 17. | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:17.944 | + 1.730 |
| 18. | Николас Латифи | Вилијамс | 1:18.036 | + 1.822 |
| 19. | Никита Мазепин |
Хас | 1:18.922 | + 2.708 |
| 20. | Мик Шумахер |
Хас | / | / |
| 107% време: 1:22.303 | ||||
|
ХИБРИДНА ЕРА - ХУНГАРОРОИНГ 2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:22.715 2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:22.020 2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:19.965 2017 Себастијан Ветел - Ферари - 1:16.276 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:35.658 (дожд) 2019 Макс Верстапен - Ред Бул - 1:14.572 2020 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:13.447 2021 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:15.419 @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
||||


