За прв пат во историјата на Формула 1, квалификациите не го одредија стартниот редослед на трката за Големата Награда на Велика Британија. Одговорните луѓе на Формула 1 се одлучија да испробаат нов формат на тркачкиот викенд со додавање на дополнителни спринт квалификации. Шпекулациите велат дека Британците дури и доплатиле за премиерата да се одржи на патеката Силверстоун.
Квалификациите беа одложени за вечерните часови за да можат фановите да се вратат од работа, а рејтингот на емитувањето беше максимален. На Силверстоун имаше оолу 90 илјади навивачи на трибините.
Денешните квалификации го формираа стартниот редослед на саботните Спринт Квалификации, трка од 100км. што на оваа патека би значело околу 17 круга, закажани за 17:30 часот по македонско време и се очекува да траат 25-30 минути.
Во Q1 сесијата, најбрзото време го имаше Макс Ферстапен, забележано уште при првите брзи круга, и кое беше четири десетинки побрзо од тоа на Луис Хамилтон. Холанѓанецот не излезе повеќе на патеката, додека Британецот, мораше да се обиде уште еднаш, понесен од домашните фанови.
Некои од возачите се обидоа да направат два последователни брзи круга, но црвените гуми брзо ги губеа нивните перформанси. Времето на Ферстапен остана најдобро, но Хамилтон го смени пристапот кон подготвување на гумите за вториот брз круг, значително подобрувајќи се, но му фалеа само 35 илјадити делови за да го има најбрзото време.
Јуки Цунода беше најголемото изненадување во првиот сегмент од квалификациите, а очигледно на младиот Јапонец не му беше доволен само еден тренинг за да се прилагоди на Силверстоун. Но, и неговиот тимски колега, Пјер Гасли го имаше само 13-тото најбрзо време, но беше четири десетинки побрз.
Од возачите на Хас се очекуваше да отпаднат, а нити Николас Латифи не изгледаше премногу самоуверен дека може да успее и да помине во Q2. Слабата форма на Кими Раиконен продолжи и веќе 4-та трка по ред не успева да ja мине Q1 сесијата.
Во Q2 сесијата во првиот обид, Ферстапен повторно беше најбрз, една десетинка пред Хамилтон. Луис се обиде да биде побрз во втор последователен круг, но не успеа да се подобри.
Перез и Ветел не излегоа на патеката за втор обид, останатите продолжија да се борат. Овој пат, Луис Хамилтон го забележа најбрзото време,пред Макс Ферстапен, кој исто така се подобри, но остана втор, заостанувајќи три десетинки.
На задоволство на фановите, сите тројца британски возачи, Хамилтон, Расел и Норис, се пласираа во финалниот сегмент на квалификациите. Од понатамошниот тек на квалфикаците испаднаа Фернандо Алонсо, Пјер Гасли, Естебан Окон, Антонио Џовинаци и Ленс Строл.
Во Q3, Расел се откажа од првиот обид, останатите заминаа на патеката. Хамилтон беше најбз, победувајќи го Макс за нешто помалку од две десетинки, кој се жалеше на подуправливост на својот болид. Возачите на Мекларен беа поделени со две илјадитинки. Ветел излета, уништувајќи го својот прв брз круг.
Во вториот обид Хамилтон не се подобри, но Ферстапен немаше сили за нешто повеќе предавајќи го врвот на Британецот за 75 илјадити делови од секундата.
Наградата за Пол позицијата во овој нов формат е резервирана за победникот на саботните спринт квалификации, на кои Луис Хамилтон и Макс Ферстапен ќе го поделат првиот ред, Ботас и Леклер вториот, Перез и Норис третиот.
Џорџ Расел ќе ги започне спринт квалификациите на осмата позиција, пред Ветел во Астон Мартин и Саинц Јр. со Ферари. Но, пред спринтот, ќе имаме втора тренинг сесија, која е очигледно излишна во овој формат.
| 2021 БРИТАНСКО ГП - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
| 1. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:26.134 | |
| 2. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:26.209 | + 0.075 |
| 3. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:26.328 | + 0.194 |
| 4. | Чарлс Леклер | Ферари | 1:26.844 | + 0.694 |
| 5. | Серџо Перез | Ред Бул | 1:26.897 | + 0.710 |
| 6. | Ландо Норис | Мекларен | 1:26.899 | + 0.763 |
| 7. | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:26.971 | + 0.765 |
| 8. | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:27.143 | + 0.837 |
| 9. | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:27.638 | + 0.873 |
| 10. | Себастијан Ветел | Астон Мартин |
1:27.339 | + 1.045 |
| Q2 Најбрзо Време: Луис Хамилтон - 1:26.023 | ||||
| 11. | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:27.245 | + 1.222 |
| 12. | Пјер Гасли |
АлфаТаури | 1:27.273 | + 1.250 |
| 13. | Естебан Окон |
Алпин |
1:27.340 | + 1.317 |
| 14. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео |
1:27.617 | + 1.594 |
| 15. | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:27.665 | + 1.642 |
| Q1 Најбрзо Време: Макс Ферстапен - 1:26.751 | ||||
| 16. | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:28.043 | + 1.292 |
| 17. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:28.062 | + 1.311 |
| 18. | Николас Латифи | Вилијамс | 1:28.254 | + 1.503 |
| 19. | Мик Шумахер | Хас | 1:28.738 | + 1.987 |
| 20. | Никита Мазепин | Хас | 1:29.051 | + 2.300 |
| 107% време: 1:32.823 | ||||
|
ХИБРИДНА ЕРА - СИЛВЕРСТОУН 2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:35.766 2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:32.248 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:29.287 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:26.600 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:25.892 2019 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:25.093 2020 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:24.303 70 години Формула 1 Гран При 2020 Валтери Ботас - Мередес АМГ - 1:25.154 2021 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:26.134 @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
||||




