Таа е спој на брзи правци со бавни и средно брзи свиоци, т.е. основата ја чинат 4-те правци кои завршуваат со остри свиоци, што значи дека добрата тракција и максималната брзина на правците се главните фактори за што побрз круг.
Има три места каде максимално се оптоваруваат сопирачките, но времето кое возачите остануваат со ногата на сопирачката е релативно ниско и се проценува на околу 9 секунди.
Сопирањето е блиски интервали и тоа го отежнува ладењето на сопирачките, но и поради присуството на поредок воздух.
Патеката нуди повеќе можности за претекнување, не само поради присуството на три ДРС-зони, туку и нејзината широчина од 12 метри.
Сепак, главната можност за претекнување е третиот свиок (Ремус), каде што возачите по наглото сопирање се движат низ овој свиок во прва или втора брзина.
Како контраст на него е 9-от свиок (Ринт), кој возачите го поминуваат во шеста брзина и ги бараат лимитите на нивниот болид и нивната решителност.
Големата награда на Австрија се состои од 71 круга поради кратката должина на патеката. Дури и со еден чекор помеки смеши во споредба со минатиот викенд, најбрзата стратегија е со едно застанување во бокс.
Фаворитите се одлучија за жолтите гуми за поставување на најбрзото време во Q2, а со тоа и старт на трката. Тоа значи дека почетен стинт на жолти и завршен на белите гуми е нивната стратегија што треба да им донесе успех. Стратегија која најверојатно ќе биде употребена од многу други возачи.
Алтернативна стратегија со две застанувања во бокс, т.е. два стинта на белите гуми, плус еден на жолти или користењето на сите три смеши е добра опција за возачите кои веруваат во "спринт" можностите на своите болиди.
Сепак, стратегиите на сите ќе бидат под големо влијание на температурата на патеката, а времето околу Ред Бул ринг останува доста непредвидливо, па дури и со можности за краткотраен летен дожд.
Макс Ферстапен трет последователен пат беше најбрз и ја освои Пол позицијата. Холанѓанецот го забелеќа најбрзиот круг користејќи ги црвените гуми, што се за еден чекор помеки од црвените гуми користени минатиот викенд.
Ферстапен, заедно со уште пет возачи, својот тимски колега, возачите на Мерцедес АМГ, Ландо Норис и Џорџ Расел ќе започнат на жолтите, додека возачите на АлфаТаури и Астон Мартин се решија за црвените гуми на Пирели. Марио Изола, Пирели: "Новиот и помек избор на смеши за оваа трка веќе имаше ефект врз стратегијата за овој викенд, со неколку возачи кои имаа за цел да ја поминат Q2 сесијата на жолтите гуми и шест од најбрзите десет ќе стартуваат на нив."
"Ова додава поголема флексибилност за стратегијата, но не беше лесно да се помине Q2 сесијата, бидејќи црвените гуми сепак даваа предност во брзина што беше тешко да се победи. Температурите беа екстремно топли, но тоа не е сигурно за денешната трка, додавајќи друга интересна варијабла на она што веќе е стратешки комплексна трка, со еден или два пит-стопа."
| 2021 ГОЛЕМА НАГРАДА НА АВСТРИЈА СТАРТЕН РЕДОСЛЕД |
|
| 1. МАКС ФЕРСТАПЕН - РЕД БУЛ | |
| 2. ЛАНДО НОРИС - МЕКЛАРЕН | |
| 3. СЕРЏО ПЕРЕЗ - РЕД БУЛ | |
| 4. ЛУИС ХАМИЛТОН - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 5. ВАЛТЕРИ БОТАС - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 6. ПЈЕР ГАСЛИ - АЛФАТАУРИ | |
| 7. ЈУКИ ЦУНОДА - АЛФАТАУРИ | |
| 8. ЏОРЏ РАСЕЛ - ВИЛИЈАМС | |
| 9. ЛЕНС СТРОЛ - АСТОН МАРТИН | |
| 10. КАРЛОС САИНЦ Јр. - ФЕРАРИ | |
| 11. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ - АСТОН МАРТИН* | *казна 3 позиции |
| 12. ЧАРЛС ЛЕКЛЕР - ФЕРАРИ | |
| 13. ДАНИЕЛ РИКИАРДО - МЕКЛАРЕН | |
| 14. ФЕРНАНДО АЛОНСО - АЛПИН | |
| 15. АНТОНИО ЏОВИНАЦИ - АЛФА РОМЕО | |
| 16. КИМИ РАИКОНЕН - АЛФА РОМЕО | |
| 17. ЕСТЕБАН ОКОН - АЛПИН | |
| 18. НИКОЛАС ЛАТИФИ - ВИЛИЈАМС | |
| 19. МИК ШУМАХЕР - ХАС | |
| 20. НИКИТА МАЗЕПИН - ХАС | |
| @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|






