Австралиското Гран При, требаше да ја отвори 2021 сезоната, но беше одложено за доцна есен, за на крај денес да биде целосно откажано. Формула 1 очекува да најде замена и да го задржи бројот на трки во календарот. Меѓу кандидатите за замена се Кина, втората трка во Остин и надворешната верзија на патеката во Бахреин.
Ендру Вестакот, промотор на Австралиското ГП: "Тажен сум што втора година по ред фановите на МотоГП и Формула 1 нема да можат да ги видат најдобрите возачи на островот Филип и Алберт парк како се натпреваруваат поради тековните ограничувања предизвикани од пандемијата со коронавирусот. Ние ќе се потрудиме овие значајни настани да ги одржиме во 2022 година."
Стефано Доменикали , извршен директор на Формула 1: "Разочарани сме што оваа година нема да имаме трка за Големата Награда на Австралија, но уверени сме дека ќе можеме да одржиме 23 трки. Имаме неколку опции за испразнетото место во календарот. Во преговори сме и ќе обезбедиме дополнителни информации веднаш штом тие ќе бидат комплетирани."
АВСТРАЛИСКОТО ГРАН ПРИ ОФИЦИЈАЛНО Е ОТКАЖАНО
7/06/2021 02:26:00 PM
0
Share to other apps

