Таа се рангира на третото место на листата на патеки кои биле домаќини на најмногу последователни Ф1 трки, а пред неа се само Монако и Монца. Со обезбедување на новиот договор патеката уште долго ќе биде во Формула 1 календарот.
Патеката е една од најтешките кога е во прашање ладењето на сопирачките, делумно заради недостаток на правци, и честопати се влошува кога болдите се заглавени во сообраќајот. Хунгаророинг има единаесет точки на сопирање, од кои три се класифицирани како тешки за сопирачките, една е со средна тежина и преостанатите седум се лесни.
Хунгароринг е патека на која многу од Ф1 возачите ја забележале својата Прва Ф1 Победа, Фернандо Алонсо во 2003 година, Џенсон Батон во 2006 година. Дејмон Хил, исто така, ја забележа својата Прва Ф1 Победа во Унгарија, во болидот на Вилијамс, далечната 1993 година. Тој беше првиот син на светски шампион кој Победил на Ф1 трка.
Патеката е физички напорна за возачите, кои често ја споредуваат со Сингапур (физички најнапорната патека во календарот), поради големиот број на свиоци, високите температури, и релативно малото воздушно струење низ болидот.
Трката за Големата Награда на Унгарија се состои од 70 круга и за разлика од Силверстоун не е дефинирана јасна граница која стратегија е побрза, дали едно или две застанувања во бокс, при што двата пристапи се тука некаде, но на хартија минимално побрза е стратегијата со две застанувања во бокс.
Многу ќе зависи од два фактора: почетните гуми и температурата. Оние што стартуваат со црвените гуми би можеле да фаворизираат две застанувања во бокс, со голем број потенцијални опции што вклучуваат префрлување на жолтите гуми во последните два стинта или евентуално дури и последен стинт со црвените гуми на крајот на трката, особено ако има простор да се освои дополнителниот поен за најбрзиот круг. Употребата на сите три смеши е уште една остварлива можност.
Меѓутоа, со неможноста за лесно претекнување на Хунгароринг, позицијата на патеката е клучна, така што е голема веројатноста повеќето возачи да се решат за едно застанување за промена на гуми. Оние што стартуваат со жолтите гуми, дефинитивно можат да ја направат таа стратегија да функционира, со префрлување на блите гуми до крајот на трката. Но, исто така е можна стратегија црвени со бели гуми, иако тоа е побавна варијанта.
Времето ќе биде одлучувачки фактор. До сега, на Хунгароринг имавме рекордни температури на асфалтот, а предвидениот дожд го имавме во текот на ноќта, па голм дел од гумата од асфалтот е измиена, така што пресметките на тимовите може да бидат малку изместени. Утринава е посвежо од претходните денови. Еден час по почетокот на трката е најавена 80% можност за дожд.
Марио Изола, Пирели: "Температурите на асфалтот во квалификациите беа само малку пониски од птокот. Како резултат на тоа, иако црвените гуми ја задржаа значителната предност во брзината од скоро секунда во текот на еден круг, внимателното подготвување за брзиот круг беше важно за да се избегне прегревање."
"Возачите кои ќе стартуваат на жолтите гуми имаат поголема флексибилност, што би можело да им донесе придобивка, но две застанувања во бокс на хартија е малку побрза варијанта од едно запирање, што значи дека возачите кои стартуваат на црвените гуми имаат секоја можност да направат нешто поразлично, со широк спектар на тактички опции на располагање."
"Мерцедес АМГ и Ред Бул заземаа многу поинаков пристап, така што ќе биде фасцинантно да се види како се развива таа битка од првиот и вториот ред на гридот."
| 2021 ГОЛЕМА НАГРАДА НА УНГАРИЈА СТАРТЕН РЕДОСЛЕД |
|
| 1. ЛУИС ХАМИЛТОН - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 2. ВАЛТЕРИ БОТАС - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 3. МАКС ФЕРСТАПЕН - РЕД БУЛ | |
| 4. СЕРЏО ПЕРЕЗ - РЕД БУЛ | |
| 5. ПЈЕР ГАСЛИ - АЛФАТАУРИ | |
| 6. ЛАНДО НОРИС - МЕКЛАРЕН | |
| 7. ЧАРЛС ЛЕКЛЕР - ФЕРАРИ | |
| 8. ЕСТЕБАН ОКОН - АЛПИН | |
| 9. ФЕРНАНДО АЛОНСО - АЛПИН | |
| 10. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ - АСТОН МАРТИН | |
| 11. ДАНИЕЛ РИКИАРДО - МЕКЛАРЕН | |
| 12. ЛЕНС СТРОЛ - АСТОН МАРТИН | |
| 13. КИМИ РАИКОНЕН - АЛФА РОМЕО | |
| 14. АНТОНИО ЏОВИНАЦИ - АЛФА РОМЕО | |
| 15. КАРЛОС САИНЦ Јр. - ФЕРАРИ | |
| 16. ЈУКИ ЦУНОДА - АЛФАТАУРИ | |
| 17. ЏОРЏ РАСЕЛ - ВИЛИЈАМС | |
| 18. НИКОЛАС ЛАТИФИ - ВИЛИЈАМС | |
| 19. НИКИТА МАЗЕПИН - ХАС | |
| 20. МИК ШУМАХЕР - ХАС | |
| @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|






