Даниел Рикиардо се искачи на врвот на победничкиот подиумот на Монца со првата победа за Мекларен, додека ниту Макс Ферстапен, ниту Луис Хамилтон, кои се борат за титулата, не стигнаа до целта. Ривалите се судрија и излетаа од патеката, по што болидот на Холанѓанецот заврши врз болидот на Мерцедес АМГ.
Стјуардите на Италијанското Гран При одлучија дека Ферстапен е повеќе виновен за она што се случи, па ќе загуби три позиции на стартот на Големата Награда на Русија.
Тото Волф и Луис Хамилтон, во соработка со британската медиумска машинерија наголемо промовираа дека по несреќата, Макс го напушти местото на инцидентот, без да се увери дека Луис е во ред. Дури и Џеки Стјуарт го обвини Холанѓанецот за незрелост.
Сепак, лагите на моќната британска медиумска машинерија, не го поколебаа Даниел Рикиардо да застане во одбрана на својот поранешен тимски колега, дури и кога е во прашање самиот инцидент.
"Го познавам Макс, бевме тимски колеги неколку години", рече Даниел, учествувајќи во американскиот подкаст Pardon My Take. "Toa е неговиот стил, тој е тркач, и сe што се случува на патеката, тој го остава таму. Претпоставувам дека се уште може да биде лут по Силверстон. Веројатно тој само ја проследи ситуацијата и замина."
"Видов дека неговиот болид е на Мерцедесот на Луис, но потоа се префрли малку напред и застана. Мислам дека Луис се обидуваше да ја смени брзината во рикверц, и кога Макс го виде тоа, мислеше дека Хамилтон е добро."
"Ако дојде до несреќа и во исто време разбереме дека друг возач е повреден, 100% сум сигурен дека сите ние ќе се обидеме да помогнеме, во таква ситуација никој нема да се сврти и замине."
Иако стјуардите одлучија да го казнат Ферстапен, Австралиецот е убеден дека Макс, обидувајќи се да го претекне Луис, не ги прекрши правилата: "Не мислам дека постапките на Макс беа некако неразумни. Тој виде можност да го престигне и ја искористи, иако, се разбира, ситуацијата не беше најдобра."
ДАНИЕЛ РИКИАРДО НА СТРАНАТА НА МАКС ФЕРСТАПЕН
9/22/2021 12:28:00 AM
0
Share to other apps

